Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/март
Каријатида — скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб, при што над главата на женската фигура се наоѓа первазот. Грчкиот Καρυάτις, во превод значи „девојка од Карјаи“. Во Карјаи се наоѓал познатиот храм, посветен на божицата Артемида, познат како Артемида Карјатис.
Според Витрувиј, каријатидите биле жени од Карјаи, кои биле осудени на тешка работа за време на персиската инвазија на Грција, околу 480 г.п.н.е.
За прв пат каријатидите се појавиле во три мали градби во Делфи од 6 век п.н.е., но нивната примена била карактеристична за многу архитектонски стилови во подоцнежниот развој на архитектурата. Прочитајте повеќе