Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/ноември
Ротонда — архитектонски елемент со кружен облик, чијшто врв е форма на конус. Може да биде изградена како посебна градба или како дел на поголема градба. Големината на ротондата може да се разликува од помала до монументална, а истата може да биде црковна или за секојдневни намени. Употребата на ротондата како архитектонски елемент е карактеристична во развојот на речиси сите архитектонски стилови. Внатрешноста, често, но не и неопходно е уредена со конхи и ниши, а покривот е во облик на купола.
Како едноставни ротонди од античко време се сметтат моноптеросите и толосите, кои водат потекло од старогрчката и староримската архитектура. Оттогаш, ротондата е составен дел од многу градби изградени во било кој архитектонски стил. Прочитајте повеќе