Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/декември

Ренесансна архитектураархитектонски стил развиен во периодот меѓу раниот 15 век и 17 век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.

Развиен во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од негоците зачетници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а и низ другите земји. Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во античката Римска архитектура од која останале многу примери. Прочитајте повеќе