Кревет (турски: kerevet), постела или легло – дел од мебелот што служи за спиење[1][2][3]. Облиците и големините на креветите се многу различни.

Кревет

Првобитните кревети биле само куп слама или некој друг природен материјал. Битна промена била изработката на цврсти конструкции кои биле издигнати над земја, со што се постигнала поголема заштита од прашина и инсекти. Според видот материјал од кој е изработена конструкцијата, креветите може да бидат: дрвени, метални и дрвено-метални.

Видови креветиУреди

 
Кревети на кат во дечка соба
  • Полски кревет — кревет на расклапање за кампирање или за војници за теренски услови
  • Француско легло — кревет со поголеми димензии за две лица (друг назив брачен кревет)
  • Креветче — мал кревет за деца обично со ограда
  • Кревет на кат — два кревета еден над друг обично за деца
  • Војнички кревет — кревет со метална конструкција
  • Хотелско легло — обичен кревет од дрво со душек

Креветот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Да одиме в кревет“ (англиски: Let's Go To Bed) - песна на британската рок-група „Кјур“ (The Cure).[4]
  • „Кревет“ (англиски: The Bed) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.[5]
  • „Безобразен кревет“ - песна на македонската група „Фолтин“ од 2012 година.[6]
  • „Крал на каучот“ - песна на македонската група „Фолтин“ од 2012 година.[7]
  • „Ела си в кревет“ - песна на македонската група „Фолтин“ од 2015 година.[8]
  • „Кревет од клинци“ (Bed Of Nails) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Hüsker Dü) од 1987 година.[9]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди