Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/јуни
Урбанизам — дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град).
Главни задачи на урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина.
Првите обиди да се воспостави некаков ред во планирањето и градењето на населените места датираат уште од средината на 3. милениум п.н.е. во градовите на древните цивилизации кои се протегале подолината на реката Инд (2500-1500 п.н.е.). Сите овие градови имале правоаголна улична мрежа како и отворени пространства (плоштади). Прочитајте повеќе