Понтско-касписка Степа
Понтско-касписка Степа — степско подрачје кое се протега од северните брегови на Црното Море до северните предели околу Каспиското Море. Се простира од Добруџа во североисточниот агол на Бугарија и југоисточна Романија, преку Молдавија и јужна и источна Украина, преку рускиот Северен Кавказ, јужното и долното Поволжје до западен Казахстан, веднаш до Казашката Степа на исток. Казашката и Потнско-касписката Степа се дел од поголемата Евроазиска Степа. Спаѓа во Палеарктикот и биомот на умерени тревници, савани и шикари.
Понтско-касписка Степа | |
---|---|
Азовско-сивашки природен парк, Украина | |
Екологија | |
Екозона | Палеарктик |
Биом | умерени тревници, савани и шикари |
Географија | |
Површина | 994.000 км2 |
Земји | Бугарија, Казахстан, Молдавија, Романија, Русија и Украина |
На овој простор во антиката се наоѓале државите Кимерија, Скитија и Сармаија. Со текот на милениумите на степите живееле номадски коњаници; многу од нив подоцна се преселиле во Европа, Западна и Јужна Азија.
Поимот понтско-каписки регион во биогеографијата го означува растителниот и животинскиот свет на овие степи, вклучувајќи ги животните од Црното, Каспиското и Азовското Море. Според генетските истражувања, оваа област најверојатно е првото место кајшто се припитомени коњите.[1]
Според општоптифатената курганска хипотеза, Понтско-каписката Степа е прататковината на народот кој го говорел праиндоевропскиот јазик — предците на денешните Европејци.[2][3][4][5]
Географија и екологија
уредиСтепата зафаќа површина од 994.000 км2 во Европа, протегајќи се од Добруџа во крајниот североисток на Бугарија и југоисточна Романија, преку јужна Молдавија, Украина, Русија, северозападен Казахстан до Уралските Планини. Се граничи со источноевропската лесостепа на север, преодно подрачје на мешани тревишта и умерени широколисни и мешани шуми.
На југ степата доаѓа до Црното Море, изземајќи ги Кримските Планини и западнокавкаската планинска граница со морето, каде кримскиот потсредоземен шумски комплекс го определува јужниот раб на степите. Степата се протега до западниот брег на Каспиското Море во Дагестан (Русија), но посувата прикасписката низинска пустина лежи помеѓу степата и северозападните и северни брегови на ова Каспиското Море. На исток е Казашката Степа.
На местото на степата во далечното минато се наоѓало Тургајското Море, продолжеток на внатрешното море Паратетис кое се простирало јужно и источно од Урал и опфаќало голем дел од денешната Западносибирска Низина во мезозоикот и кенозоикот.
Праисториски култури
уреди- Линискокерамичка култура, 5500–4500 г. п.н.е.
- Кукутенско-триполска култура, 5300–2600 г. п.н.е.
- Хвалинска култура, 5000–3500 г. п.н.е.
- Средностоговска култура, 4500–3500 г. п.н.е.
- Мајкопска култура, 3700–3000 г. п.н.е.
- Јамна/Курганска култура, 3500–2300 г. п.н.е.
- Курско-арачка култура, 3000–2000 г. п.н.е.
- Катакомпска култура, 3000–2200 г. п.н.е.
- Срубна култура, 1600–1200 г. п.н.е.
- Кобанска култура, 1100–400 г. п.н.е.
- Новочеркаска култура, 900–650 г. п.н.е.
Историски народи и земји
уреди- Индоевропејци, IV милениум п.н.е. – денес
- Кимеријци, XII–VII век п.н.е.
- Дакијци и Тракијци (Гети), XI век п.н.е. – III век н.е.
- Скити, VIII–IV век п.н.е.
- Сармати, V век п.н.е. – V век н.е.
- Остроготи, III–VI век
- Хуни и Авари, IV–VIII век
- Прабугари (Оногури), Бугари, IV–XXI век:[7]
- Велика Бугарија, VII век
- Прво Бугарско Царство, VII–XI век
- Второ Бугарско Царство, XII–XV век
- Алани, V–XI век
- Авари, VI–VIII век
- Ѓоктурци, VI–VIII век
- Савири, VI–VIII век
- Хазари, VI–XI век
- Унгарски племиња (Унгарци), VII–IX век (веројатно порано)
- Рус, Киевски Рус, VIII–XIII век
- Печенези, VIII–IX век
- Кипчаци и Кумани, XI–XIII век
- Монголска Златна Орда, XIII–XV век
- Козаци, Калмици, Кримско Ханство, Волшки Татари, Ногајци и други туркиски држави и племиња, XV–XVIII век
- Руско Царство, XVI–XX век
- Планинска Република Северен Кавказ, XIX–XX век
- Советски Сојуз, XX век
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Mystery Of Horse Domestication Solved?“. sciencedaily.com. Посетено на 3 април 2018.
- ↑ David W. Anthony (2010). The Horse, the Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders from the Eurasian Steppes Shaped the Modern World. Princeton University Press. ISBN 978-1400831104.
- ↑ Haak, Wolfgang; Lazaridis, Iosif; Patterson, Nick; Rohland, Nadin; Mallick, Swapan; Llamas, Bastien; Brandt, Guido; Nordenfelt, Susanne; Harney, Eadaoin; Stewardson, Kristin; Fu, Qiaomei; Mittnik, Alissa; Bánffy, Eszter; Economou, Christos; Francken, Michael; Friederich, Susanne; Pena, Rafael Garrido; Hallgren, Fredrik; Khartanovich, Valery; Khokhlov, Aleksandr; Kunst, Michael; Kuznetsov, Pavel; Meller, Harald; Mochalov, Oleg; Moiseyev, Vayacheslav; Nicklisch, Nicole; Pichler, Sandra L.; Risch, Roberto; Guerra, Manuel A. Rojo; Roth, Christina; Szécsényi-Nagy, Anna; Wahl, Joachim; Meyer, Matthias; Krause, Johannes; Brown, Dorcas; Anthony, David; Cooper, Alan; Alt, Kurt Werner; Reich, David (10 февруари 2015). „Massive migration from the steppe is a source for Indo-European languages in Europe“. bioRxiv. 522 (7555): 207–211. arXiv:1502.02783. Bibcode:2015Natur.522..207H. bioRxiv 10.1101/013433. doi:10.1038/NATURE14317. PMC 5048219. PMID 25731166. Посетено на 3 април 2018.
- ↑ Allentoft, Morten E.; Sikora, Martin; Sjögren, Karl-Göran; Rasmussen, Simon; Rasmussen, Morten; Stenderup, Jesper; Damgaard, Peter B.; Schroeder, Hannes; Ahlström, Torbjörn; Vinner, Lasse; Malaspinas, Anna-Sapfo; Margaryan, Ashot; Higham, Tom; Chivall, David; Lynnerup, Niels; Harvig, Lise; Baron, Justyna; Casa, Philippe Della; Dąbrowski, Paweł; Duffy, Paul R.; Ebel, Alexander V.; Epimakhov, Andrey; Frei, Karin; Furmanek, Mirosław; Gralak, Tomasz; Gromov, Andrey; Gronkiewicz, Stanisław; Grupe, Gisela; Hajdu, Tamás; Jarysz, Radosław (2015). „Population genomics of Bronze Age Eurasia“. Nature. 522 (7555): 167–172. Bibcode:2015Natur.522..167A. doi:10.1038/nature14507. PMID 26062507. S2CID 4399103.
- ↑ Mathieson, Iain; Lazaridis, Iosif; Rohland, Nadin; Mallick, Swapan; Llamas, Bastien; Pickrell, Joseph; Meller, Harald; Guerra, Manuel A. Rojo; Krause, Johannes; Anthony, David; Brown, Dorcas; Fox, Carles Lalueza; Cooper, Alan; Alt, Kurt W.; Haak, Wolfgang; Patterson, Nick; Reich, David (14 март 2015). „Eight thousand years of natural selection in Europe“. bioRxiv: 016477. doi:10.1101/016477. Посетено на 3 април 2018 – преку biorxiv.org.
- ↑ „Steppe migrant thugs pacified by Stone Age farming women“. ScienceDaily. Faculty of Science - University of Copenhagen. 4 април 2017.
- ↑ „The Proto-Turkic Urheimat and the Early Migrations of Turkic Peoples“. Архивирано од изворникот на 24 декември 2013. Посетено на 24 декември 2013.
Надворешни врски
уреди- Понтско-касписка Степа на Ризницата ?
- „Понтска Степа“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)