Прикасписка Низина

Прикасписка Низина (казашки: Каспий маңы ойпаты; руски: Прикаспийская низменность) — низинска рамничарска област северно од брегот на Каспиското Море, најголемата затворена водна површина на светот.[1] Ова е големиот северен дел на пошироката Аралско-касписка Низина околу Аралското и Каспиското Море.

Прикасписка Низина
Сателитска снимка на Касписката Низина и северот на Каспиското Море
Координати47°32′N 49°00′E / 47.53° СГШ; 49° ИГД / 47.53; 49
Надморска виина-28 до 149 м
Највисока точкаБољшое Богдо
Површина200.000 км2
Геологијанизина
Карта

Каспиското Море е на височина 28 м под морското ниво, но низината не некои места е уште пониска, и достигнува -132 м кај Каракија близу Актау.

Географија уреди

Низината е сместена на јужниот крај од пустината Рин и се протега во Казахстан и Русија. Во неа лежи најголемиот дел од руската република Калмикија. Во Каспиското Море низ оваа област се влеваат реките Волга и Урал. Нивните делти претставуваат опширни моклишта. Пределите на низината се дел од континентален или полусув пустински биом. Просечните годишни врнежи изнесуваат 300 мм, а помалку од 10 % од подрачјето се наводнува. Освен Волга и Урал, поважни реки во низината се Емба, Терек и Кума. Има поголем број солени езера како Баскунчак, Индер, Аралсор, Камис-Самара, Елтон и Боткул.[2][3]

Прикаписката Низина се наоѓа под морското ниво и во источниот дел има пространи мочуришта. Зафќа површина од 200.000 км2 и е меѓу најголемите низини во Средна Азија. Изобилува со подезмни резерви нафта и гас, и низ пределите одат нафтоводи и гасоводи во сите правци. Геолозите сметаат дека Каспиското Море и низината се образувани од тектонски сили. Некои од нив мислат дека низинат асе одвоила од отворениот океан уште во древни времиња и станала огромно солено езеро. Низ областа проаѓал дел од стариот Пат на свилата. Најголеми градови во низината се Астрахањ во Русија Атирау во Казахстан. Денес нејзините предели се користат претежно за сточарство.

Низината има и забележителни солни куполи, особено до т.н. „волгоградска сол“. Овие драматично се извишуваат по патот од пустината Рин кон Капиското Море. Во западен Казахстан има околу 1.200 насобрани солни куполи. Една купола, лежиштето Шелкар, зафаќа површина од 3.237 км2 и длабока е речиси 8 км.

Јужните предели на Прикаписката Низина (северното каписко крајбрежје) се одликуваат со големи влажни пространства настанати со плимни појави. Во низината живеат многу видови инсекти. Според проучувањата, загадувањето на водата, претежно од Волга, е опасна закана по биоразновидността на Прикасписката Низина. Главни загадувачи се индустријата, земјоделството и домаќинствата.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Caspian Sea » Background“. Caspian Environment Programme. Архивирано од изворникот на 8 април 2006. Посетено на 24 февруари 2011.
  2. Гугл Земја
  3. Caspian Lowland Population

Надворешни врски уреди