Перифраза е троп на исказот, во кој се користат вишок на зборови при опис на нешто, што може да се искаже со многу помалку зборови. Перифразата најчесто се употребува за да се избегне вистинскиот исказ или збор, ако не е пригодно да се употреби тој самиот. Така, перифразата е фигура во која еден поин се заменува со т.н. аналитички израз.

Фигури
Фигури на значењето (тропи)
  • Тропи на зборовите
Фигури на формата

На пример поетите често наместо да кажат само „небо“, велат „азурниот свод“. Или наместо да се каже „Умре“, често се вели „Отиде на другиот свет“ и сл.

Перифраза може да се направи и само со еден збор, а може и со цел исказ. Доколку е само еден збор тој претставува еуфимизам. Понекогаш и еуфимизмот може да биде составен од зборовна група.


Перифразата во суштина е метафора, зашто мора да постои сличност меѓу заменетите зборови.