Хијазам
Хијазам (грчки: χίασμα — вкрстување, како буквата Х) — стилска фигура блиска до антитезата и спротивна на паралелизам во која два пара зборови, фрази или реченици кои се синтаксички или суштински слични се ставаат во симетрична, но превртена врска како во огледало,[1] за да се нагласи спротивниот поим. Поттип на хијазмот е антиметабола. Припаѓа на фигурите за конструкција.
Шематски дијаграм
уредиХијазмот може да биде претставена со шемата АБ: БА видлива во стиховите на Лаза Костиќ:
-
„Соништата -
Сонувам, -
Сонувам -
соништа“.
Историја
уредиНајверојатно, хијазмот првпат се појавил на хебрејски јазик во 10 век п.н.е., претежно се среќавал во Псалмите и Книга на пророкот Исаија. Во античко време на човекот не му бил познат хијазмот. Првпат хијазмот го споменува Хермоген, кој бил учител по говорништво во 2 век од нашата ера. Хермоген го нарекол хијазмот вкрстени распоредени колони.[2]
Хијазмот бил во центар на внимание во 19 век кога била забележана неговата честа употреба во Библијата.[3]
Литературниот критичар и теоретичар Пол де Ман го сметал хијазмот за литературна постапка, и со тоа значително го проширил неговото основно значење.[1] Толкувајќи ги песните на Рилке, тој укажува на нивната хијазмичка структура.
Употреба
уредиХијазмот се користи за да се избегне повторување на истата синтаксичка структура. Често се користи како средство за хумор и иронија.[2][3]
Примери
уреди- „Ако, според тоа, не го знам значењето на гласот, ќе бидам странец за оној што зборува, а тој што зборува ќе биде странец за мене . (1. Коринтјаните 14:11)
- „Мавта лесно, но силно удира. (народна песна)
- „ Работев насекаде и ме ценеа насекаде за моите златни раце. (Проклета авлија, Иво Андриќ)
- „Кој знае - не зборува, тој што зборува - не знае“. (Лао-це)
- „Еден за сите, сите за еден. (Тројцата мускетари, Александар Дима)
Слични стилски фигури
уредиКористена литература
уреди- ↑ 1,0 1,1 Popović, Tanja, уред. (2010). Rečnik književnih termina (2. изд.). стр. 262–263. ISBN 978-86-7360-064-2.
- ↑ 2,0 2,1 Živković, Dragiša, уред. (2001). REČNIK književnih termina (2. изд.). стр. 259.
- ↑ 3,0 3,1 Bagić, Krešimir (2012). Rječnik stilskih figura. стр. 135–137. ISBN 978-953-0-40043-6.