Оксиморон[1][2] (буквално значење - остроумна глупост) — стилска фигура којашто се создава со спојување на два противречни поими. Тоа е облик на едночлена антитеза внатре во реченицата. Пример: светол мрак, врело студенило, скромен раскош, мудра будала и слично. Оксиморон, кој на прв поглед делува глупаво и лудо - предизвикува внимание кај читателите и овозможува да се изразат специфични вредности. Изразува подлабоки согледувања на поимите од спротивставени агли. На тој начин се постигнува баланс на противречностите, со нивно спојување, а со тој контраст се добива колоритност на мислата.

Фигури
Фигури на значењето (тропи)
  • Тропи на зборовите
Фигури на формата

Примери

уреди
  • Зимски летување
  • Минлива вечност
  • Жив мртовец
  • Мудра будала
  • Скромен луксуз
  • Сиромашен богаташ

Оксиморонот се користи секојдневно без воопшто да сме свесни за тоа, на пример:

  • Лажна веста
  • Речиси совршенство
  • Идеално лошо
  • Нов фосил
  • Вистинска бајка
  • Јавна тајна
  • Далечна иднина

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди