Патрик (Нигритско)
Патрик (грчки: Πατρίκι, Патрики) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 220 жители (2021).
Патрик Πατρίκι | |
---|---|
Координати: 40°54′N 23°37′E / 40.900° СГШ; 23.617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 45 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 220 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Серско Поле, околу 10 км источно од општинскиот центар Нигрита, на надморска височина од 45 м.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Патрик било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Патрик (Patrik) имало 11 домаќинства со 39 жители Грци.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Патрик имало 45 жители Грци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патрик имало 30 Грци.[5]
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[6]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 2 житела, а во 1920 г. не се спомнува како населба. Патрик бил обновен во 1923 г., кога се населени 439 бегалци, колку што броело селото во 1928 година.[2]
Стопанство
уредиСелото се смета за прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук, фуражни и други индустриски производи, а произведува и жито и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 694 | 699 | 792 | 622 | 469 | 487 | 367 | 291 | 220 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11,3 квадратен километар.[2] Општината Патрик била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Патрик, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — парохиски храм, изграден во 1958 г.[7]
Поврзано
уреди- Патрик — историско село во Штипско, Р. Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 240.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 42 и 869. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ „Ιερός Ναός Γεννήσεως τῆς Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 25 јуни 2024.