Паскал Митревски (14 февруари 1912 - 10 февруари 1978) — македонски комунист и национален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. За време на Грчката граѓанска војна е министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција.

Паскал Митревски
Роден 14 февруари 1912
село Чука, Костурско
Починал 10 февруари 1978
Скопје
Познат партизан

Животопис

уреди

Роден е во село Чука, Костурско, а живеел во гратчето Хрупишча. Член е на КПГ од пред Втората светска војна, по професија адвокат.

На 16 јуни 1943 година Митревски стапил во редовите на Грчката народноослободителна војска (ЕЛАС). Од јули до декември 1943 година е командант на специјална македонска партизанска единица во Костурско. Од декември 1943 година e секретар на СНОФ за Костурско. На 3 декември 1944 година е секретар на Политичката комисија на Македонците во Егејска Македонија. Од 23 април 1945 до ноември 1946 година е секретар на Главниот одбор на Народноослободителниот фронт (НОФ), а потоа станува член на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Од јануари 1948 година бил секретар и претседател на НОФ, а од 2 април 1949 година e министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција, како претставник на НОФ.[1]

По поразот на ДАГ во Граѓанската војна, на 3 октомври 1949 година Митревски е уапсен како „Титов агент“ и е затворен во логор во Албанија. Префрлен е во Москва, каде во текот на 1952 година е осуден од Врховниот суд на СССР на 25 години затвор. Но, пролетта 1956 година е ослободен, а следната година му е поништена казната.

Во текот на 1957 година заминува за Југославија. На 26 јуни 1963 година е избран за судија на новоформираниот Уставен суд на Македонија.[2]

Наводи

уреди
  1. Ристо Кирјазовски (ур.), „КПГ и македонското национално прашање 1918-1974“, Архив на Македонија, Скопје, 1982, 457 стр.
  2. Службен весник на СРМ, 26/63, 1 стр.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди