Чука (Костурско)

Напуштена населба на Грција, Западна Македония

Чука (грч. Αρχάγγελος — до 1955 година, Τσούκα)[2] — поранешно село во Егејска Македонија, Околија Костур.

Чука
Αρχάγγελος
Урната куќа во Чука
Урната куќа во Чука
Чука is located in Грција
Чука
Чука
Местоположба во областа
Чука во рамките на Нестрам (општина)
Чука
Местоположба на Чука во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°26.45′N 21°3.41′E / 40.44083° СГШ; 21.05683° ИГД / 40.44083; 21.05683Координати: 40°26.45′N 21°3.41′E / 40.44083° СГШ; 21.05683° ИГД / 40.44083; 21.05683
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Надм. вис.&10000000000000852000000852 м
Население (2011)[1]
 • Вкупнонема
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во општината Нестрам, 23 км западно од Костур во источното подножје на границата помеѓу Грција и Албанија.

Историја уреди

Во Отоманско Царство уреди

 
Манастирската црква.

Во отоманските даночни регистри од средината на 15 век, селото Чука е споменато со 29 глави на семејства и тројца неженети: Папа Никола, Свето, Богдан, Јорг, Никола, Рајко, Стајко, Станимир, Алекса, Никола, Мавријад, Дабижив, Михо, Јано, Бано, Лазори, Никола, Тодор, Јорг, Јорг, Стамат, Михо, Богдан, Папа Герг, Михо, Стајо, Герг, Димо и Јорг. Вкупниот приход за државата од селото е 2.090 акчиња.[3]

 
Селската чешма

Според статистиката на Васил Иванов К’нчов од 1900 година („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чука има 154 жители христијани.[4]

Во почетокот на XX век целото население на Чука е под владеењето на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година минува под владеењето на Бугарската егзархија.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („Македонија и нејзиното христијанско население“) во 1905 година во Чука има 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чука се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[7]

Грчка статистика од 1905 година не ја одразува промената и го претставува селото Чука (Τσούκα) како грчко село со 150 жители.[8]

Според Георги Константинов Бистрицки, Чука пред Прва балканска војна во 1912 година има 30 македонски куќи и 1 грчка,[9] а според Георги Христов, 30 македонски и 1 влашка.[10]

Во Грција уреди

Пред војната селото е окупирано од страна на грчки монархисти и по Втората балканска војна останува во рамките на Грција. За време на Граѓанската војна селото е тешко оштетено и насилно напуштено од жителите, а 59 деца се извадени од комунистичките единици надвор од земјата како деца-бегалци. Во 1955 година ненаселеното село е преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος).

Демографија уреди

  • 1913 − 164 жители
  • 1920 − 149 жители
  • 1928 − 152 жители
  • 1940 − 205 жители
  • 1951 − 0 жители

Културни и природни знаменитости уреди

Крај селото е обновениот манастир „Свети Архангели“ од XIII век

Личности уреди

Иселеништво уреди

Селото е насилно напуштено во 1949 година. Речиси сите живи поранешни жители се преселиле во Република Македонија и Австралија.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούκα -- Αρχάγγελος
  3. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 105
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
  5. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 125.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 182-183.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  8. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Tsouka.[мртва врска]
  9. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  10. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.

Надворешни врски уреди