Иди Брит (англиски: Edie Britt) — измислен лик од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од глумицата Николет Шеридан, а создаден е од Марк Чери.

Иди Брит
Edie Britt
'Очајни Домаќинки' лик од
Edie Britt.jpg
Николет Шеридан како Иди Брит
Прво појавувањеПилот'
СоздавачМарк Чери
ТолкуваНиколет Шеридан
Информации
ЗанимањеАгент за недвижности
СемејствоИлен Брит (мајка; почината)
г-дин Брит (татко;
почината)
Хелен Брит (сестра)
Остин Брит (внук)
СопружникЧарлс МекЛеин (прв маж)
г-дин Розвел(втор маж)
ДецаТраверс МекЛеин (син, со Чарлс)

Историја на ликотУреди

Уште од самиот почеток Иди е прикажана како жена која сака да ужива во уништувањето на туѓите животи. Таа е голем соперник со Сузан Маер, со чиј поранешен маж се свршува, а подоцна разведува. Потоа и го презема и нејзиното момче Мајк Делфино, со кој раскинува и решава да започне врска со Карлос Солис, поради кој на крајот од третата сезона и лажно се обесува.

Со почетокот на петтата сезона која се одвива 5 години по настаните од четвртата, Иди се враќа на Вистерија Лејн по долго отсуство, но со нов карактер и со нов маж. Маж кој е вмешан во мистериозен настан поврзан со целото соседство. При крајот на сезоната Иди е погодена од електро-шок и ненајдено умира.