Габриел Солис (англиски: Gabriel Solis) е измислен лик и еден главните ликови од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од глумицата Ева Лонгорија, а создаден е од Марк Чери.

Габриел Солис
Gabrielle Solis
лик од 'Очајни Домаќинки'
Ева Лонгорија како Габриел Солис
Прво појавувањеPilot (Desperate Housewives)“ (епизода 1.01)
СоздавачМарк Чери
ТолкуваЕва Лонгорија
Информации
АлијасГабриел Маркез (моминско име)
Габриел Солис (венчано име; со Карлос Солис )
Габриел Ланг (венчано име; со Виктор Ланг)
Габриел Солис (венчано име; со Карлос Солис )
ПолЖенски
ЗанимањеДомаќинка
Бивш модел
СемејствоЛусија Маркез (мајка)
Г-дин Маркез (татко, починат)
СопружникКарлос Солис (прв маж, разведени)
Виктор Ланг (втор маж, починат)
Карлос Солис (трет маж, моментално заедно)

Да би ја избегнала конфузијата на иднината, те сакам, и сакам да го поминам остатоко на својот живот со тебе.

—Габриел Солис на Карлос Солис

Историја на ликот

уреди

Прва сезона

уреди

Фамилијата Солис се од мексиканскиот град Гвадалахара. Габриел, е модел во своите доцни 20-ти години, омажена со Карлос Солис, за љубов, но пронашла задоволство во Џон Роланд, нејзиниот тинејџер градинар. Аферата на Габриел со Џон е готова кога се појавува сомнителната мајка на Карлос, Хуанита, која пристигнала во ненајавена посета. Хуанита дознава дека Габриел го мами Карлос со Џон, но ја удира автомобил возен од Ендрју Ван де Камп (кој бил пијан) што конечно довело до нејзина смрт. Габриел и признава на мајката на Џон, Хелен, која погрешно сфаќа дека Џон спиел со Сузан Мајер. На крајот од сезоната, Габриел дознава дека е трудна, но го уценува Карлос поради пилулите кои Карлос и ги заменувал со шеќерни пилули.

Втора сезона

уреди

На почетокот на втората сезона, Карлос Солис е во затвор, и Габриел ја ужива својата слобода. Трудната Габриел се обидува да го пронајде Џон градинарот со кој имаше односи. Меѓутоа, Габриел чувствува дека навистина го сака Карлос и дека верува во неговата невиност. Кога работите тргнуваат кон добро, странец влегува во нејзината куќа и таа се обидува да побегне од него, но паѓа од скалите, и го губи своето дете. Како последица од несреќата, Габриел не може да има повеќе деца. Најпосле Карлос излегува од затвор, и сака да посвојат дете, но Габи не се сложува. Па по наговор на чесната сестра Марија Бернард, Карлос и наредува ако не посвојат дете дека ќе се одрече од неа. Габи се сложува, па бидејќи не можат да имаат деца, наоѓаат една стриптизета која е трудна и која е решена нејзиното дете да им го даде на нив. Но девојката се договорила без прашање на таткото на детето. Кога бебето ќе се роди, таткото се враќа да ја земе својата ќерка, меѓутоа, Габриел и Карлос се ограбени. Во текот на последното поглавје, парот пронаоѓа начин да најдат дете: ја земаат својата слугинка, Сјао Меи како заменска мајка да им роди дете. Но Габриел гледа дека Карлос сè повеќе се зближува со неа и ги брка и двајцата од куќата.

Трета сезона

уреди

На венчавката на Бри, на Сјао Меи и пука водењакот и е однесена во болница. Но се чини дека во лабораторијата настанала грешка и во материцата на Сјао Меи ставиле црно бебе од друга личност. Габриел се разведува од Карлос. Потоа таа почнува да ги поучува децата во училиште за убавината, каде за убавината мора да се грижат децата и нивните родители за нив. Зак Јанг и се претставува во нејзиниот живот како таен обожавател, кој добива наследство од неговиот дедо. Кога е повторно нова личност и милионер, тој не верува дека ќе поминат ноќ заедно па и предлага брак, агресивно и далеку од својот живот. Габриел го знае кандидатот за градоначалник на Феривју: Виктор Ланг и се заљубува во него, толку што има проблеми со својот бивш сопруг и со законот. На денот на својата венчавка со Виктор, Габи дознава дека тој се венчал со неа само да добие гласови од Латинското население, па за одмазда Габри оди во кревет со Карлос.

Четвртта сезона

уреди