Вело Ташовски понекогаш и Вељо или Веле (Осој, Дебарско, 1949 - 2009) бил познат македонски сликар[1] и универзитетски професор.

Животопис

уреди

Ташовски е роден во мијачкото село Осој, во 1949 година. Академија за ликовни уметности завршил во Љубљана, во 1975 година, на одделот за сликарство во класата на професорот Габриел Ступица. На истата Академија завршил и постдипломски студии во 1979 година, а до 1983 година живеел и работел во Љубљана. Во ликовниот живот на Македонија се вклучил во 1984година, а три години подоцна станал и редовен професор на факултетот за ликовни уметности во Скопје на Одделот за сликарство, каде во периодот од 2002 до 2006 година ја извршувал и функцијата декан. Бил на студиски престои во неколку европски земји и во САД. Бил и член е на ДЛУМ[2]. Починал во 2009, во момент кога зад себе ја имал изложбата во галеријата "Форум" во Загреб.[3]

Изложби

уреди

Реализирал 12 самостојни изложби во Македонија, Словенија и во Германија. Учествувал на многу групни претставувања[2].

самостојни
  • 1976 Скопје (со Слободан Филовски и Жарко Јакимовски)
  • 1979 Љубљана
  • 1980 Врхника
  • 1980 Ново Место
  • 1981 Скопје
  • 1988 Скопје
  • 1993 Скопје
награди
  • 2005 “Нерешки мајстори”, годишна изложба на ДЛУМ
  • 2005 Гран При, зимски салон на ДЛУМ[4]

Наводи

уреди
  1. Boškovska, Nadica (2000). Bibliografija na makedonskata likovna umetnost (2. изд.). Narodna i Univerzitetska Biblioteka "Kliment Ohridski".
  2. 2,0 2,1 „107 македонски уметници во Париз“ (македонски и француски). ДЛУМ. Посетено на 2010-11-02.
  3. Величковски, Владимир (25 август 200). „IN MEMORIAM Сликата на Веле Ташовски“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 2010-11-02.
  4. „ЗИМСКИ САЛОН Вело Ташовски доби гранпри“. Време. 10 март 2006. Посетено на 2010-11-02.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди