Јован Евгениев Таневски ( 1918 во Осој (Дебарско)16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Јован Таневски
Роден 1918 година
Осој, Дебарско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец
Споменик од НОБ во село Осој, на кој е испишано името и на Јован Таневски

Животопис уреди

Произлегува од работничко семејство. Завршил основно и вечерно занаетчиско училиште. Повремено го изучил шивачкиот занает. Во летото 1943 година се доселил во Скопје. Поради тоа што бил прогонуван и малтретиран од балистите, на кои успеал да им избега од местото каде го имале доведено на стрелање. По ослободувањето на Скопје стапил во Третата македонска ударна бригада. Со неа заминал за Војводина. Од таму учествувал во пробивот на Врпоље, каде и загинал на 16 април 1945 rодина.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 140. На |first= му недостасува |last= (help)