Отоманско-полска војна (1620–1621)
Османлиско-полската војна се водела во периодот од 1620 до 1621 година за контрола над Молдавија. Конфликтот завршил со полско повлекување од Молдавија[1].
Отоманско-полска војна 1620–1621 | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-полски војни | |||||||||
Битката кај Хотин |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Полско-литванска Државна Заедница | Османлиско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Станислав Жолкиески† | Осман II |
Заднина
уредиКон крајот на 16 век, односите меѓу Османлиското Царство и Полско-литванската Државна Заедница се влошиле. Козаците отворено навлегувале на османлиските територии што дополнително ги влошиле односите бидејќи тие акции биле независни, Козаците делувале од териториите на комонвелтот. Во исто време, Татарите кои живееле под османлиска власт го нападнале комонвелтот.
Во тоа време започнале преговори меѓу двете земји за спречување на нападите од Козаците и Татарите, но овие договори во практика никогаш не биле испочитувани.
Војна
уредиКон крајот на 16 век и почетокот на 17 век, т.н. магнати од Полско-литванската Државна Заедница интервенирале во Молдавија за зголемување на своите сфери на влијание. Од друга страна Османлиите биле засегнати од постојаните напади на Козаците. Во Европа пак, беснеела Триесетгодишната војна. Полско-литванската Државна Заедница учествувал во војната каде кралот Сигмунт III испратил своја армија на Хабсбуршката монархија во Битката кај Шумене во 1619 година против трансилванскиот кнез Ѓорги I Ракоци, а принцот Габриел Бетлен побарал помош од Осман II. Гаспар Грацијани кој бил владетел на Молдавија ја повикал Полска на помош. Во 1620 година Осман II издвојувал победа во Битката кај Цецора, додека следната 1621 година Османлиите биле поразени во Битката кај Хотин.
Војната завршила со потпишување на договорот од Хотин.