Окрузи во Хамбург

Окрузи и квартови во Хамбург

Градот Хамбург во Германија е составен од 7 окрузи (германски: Bezirke, познати како адмистративни окрузи) и поделени на 105 квартови (германски: Stadtteile). Повеќето од квартовите биле поранешни населби. До 2008, територијалната организација е регулирана од уставот на Хамбург и неколку закони.

Хамбург

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Хамбург



Историја

уреди
 
Map of Hamburg 1815-1937
црвена: Покраина Хамбург 1815-1937
виолетова: Пруски градови како Алтона
сива: нови места 1937
линијата: Хамбург 2005

Првата официјална административна поделба на Хамбург биле парохиите на четирите цркви, Свети Петар, Света Катарина, Свети Јакоб и Свети Никола (или нејзината претходна зграда). На 24 февруари 1529, компромисот од 132 членови меѓу сенатот на Хамбург и граѓаните (германски: Langer Rezeß) се основал совет на граѓани. 12-те советници биле наречени Oberalte (Елдермен) и биле најстарите тројца ѓакони на парохиите. Секоја парохија имала утврдена граница.[1]

Во 1871, декларацијата на германското царство Покраината Хамбург се состоела на градот Хамбург со Altstadt (Стар град), Neustadt (Нов град) и St. Georg (Хамбург од 1868). Предградието наречено St. Pauli и неколку директно наименувани делови и други земји.

На северот, поранешните делови на провинцијата Шлезвиг-Холштајн со нејзините општини Ротербаум, Харфештехуде, Ајмсбител, Епендорф, Винтерхуде, Уленхорст, Бармбек, Ајлбек, Хоенфелде, Боргфелде, Хам, Хорн, Билвердер-Аусшлаг, Штајнвердер со Грефенхоф и Клајнер Грасброк. Руралните области, на пр. Гросборстел, Фулсбител, Лангенхорн, Алстердорф, Олсдорф, Клајнборстел, Штрукхолт. Местата именувани како Валдерфер (шумски села) Фармзен со Берне, Фолксдорф, Волдорф и Олштет, Грос Хансдорф и Шмаленбек.[A]

На југ, руралните области помеѓу Биле и Елба се наоѓаат Билвердер на Биле, Морфлет, Алермее, Шпаденланд, Татенберг, Оксенвердер и Рајтброк.[A]

Неколку села и рурални области се наоѓале јужно од реката Елба, на пр. Морвердер, Калтенхофе, Појте, Федел, Нидернфелде, Клитјенфелде, Елерхолц, Рос, Валтерсхоф, Миленвердер, Драденау и општините Финкенвердер и Морбург.[A]

Градот Бергедорф и општините Курслак, Алтенгаме, Нојенгаме, Кирхвердер, Крауел и Гестхахт. И општините Куксхафен, Гроде, Дезе, Зидервиш и Вестервиш, Штикенбител, Заленбург, Дунен, Холте и Шпанген, Аренш и Беренш, Оксштет, Гудендорф и островот Нојверк.[A]

Закон за голем Хамбург

уреди

На 1 април 1938, поради Gesetz über Groß-Hamburg und andere Gebietsbereinigungen (Закон за голем Хамбург) (од 26 јануари 1937) покраината Хамбург ги изгубила нејзините рурални области, тие станале дел од Хамбург. Градот исто така добил голема површина од провинцијата Шлезвиг-Холштајн како Алтона и Вандсбек, обата станале окрузи на Хамбург. Исто така, руралните окрузи Бергштет, Билштет, Брамштет, Брамфелд, Дуфенштет, Хумелсбител, Лемзал-Мелингштет, Лобриге, Попенбител, Ралштет, Зазел, Штајлсхоп и Велингсбител, Курслак во Ахтершлаг и Локштет биле додаден на покраината. Провинцијата Хановер го предала градскиот округ Харбург-Вилхелмсбург. Населбите на рурални окрузи Алтенвердер, Кранц, Финкенвердер, Фишбек, Франкоп, Гут Мор, Ханеверш Кирхвердер, Лангенбек, Мармсторф, Нојенфелде, Нојграбен, Нојланд, Ренебург, Синсторф и делови од нив станале квартови во рамките на градските граници.[A]

Хамбург ги изгубил Куксхафен, Гестхахт, Шмаленбек, Грос Хансдорф и островите Нојвер, Шарнхерн и Нигерхерн.[A]

1945 и подоцна

уреди

Во 1969, островите биле вратени на Хамбург и оттогаш се администрирани од округот Хамбург-Мите.

На 1 март 2008, квартот Вилхелмсбург станал дел од округот Хамбург-Мите. Соседството Шанценфиртел во окрузите Алтона, Ајсмбител и Хамбург-Мите станал кварт Штерншанце во округот Алтона. Соседството Хафен Сити го добил статусот на кварт.[2]

Окрузи

уреди
 
Окрузи на Хамбург

Округот на Хамбург е споредлив со третото административно ниво во Германија. Во Уставот на Хамбург е дефинирана област, која може да биде создадена за административни цели.[3] Окрузите биле создадени со закон.[4] Округот имал мали права во создавањето закони и правила споредено со окрузите на покраините на Германија, бидејќи Хамбург истовремено е покраина и град во Германија.

Округ Население Површина (км2) Густина
Хамбург-Мите 233.114 [5] 107,1 км2 2.177
Алтона 243.972 [5] 78.3 км2 3.149
Ајмсбител 246.087 [5] 50,1 км2 4.915
Хамбург-Норд 279.498 [5] 57,8 км2 4.838
Вандсбек 409.771 [5] 147,5 км2 2.777
Бергедорф 118.942 [5] 154,8 км2 769
Харбург 201.119 [5] 161,0 км2 1.253

Парламент на округот

уреди

Сите окрузи на Хамбург имаат сопствени локални парламенти (германски: Bezirksversammlung). Членовите на Bezirksversammlung се избираат заедно со изборите за хамбуршкиот покраински парламент (германски: Hamburgische Bürgerschaft). Се состојат од 45, 51 или 57 претставници, зависејќи од населението на округот. Претставниците се избираат на секои четири години по пропорционален систем. Парламентот е еднодомен парлаент и претставниците се избираат на универзални, директни, слободни, еднакви и тајни избори. Секој граѓанин на Европската Унија може да гласа, доколку на денот на изборите, има навршено 18 години, пријавен е Хамбург како главно живеалиште три месеци или повеќе и граѓанинот не е исклучен од правото на гласање.

Правата на парламентот најчесто се однесуваат на прашања од локално значење (н.п. местото на противпожарните станици, училиштата итн), да бидат информирани од главната локална канцеларија (Bezirksamt), но може да направи и задолжително резолуции на главната локална канцеларија.

Општински советник

уреди

Административниот водач на округот е наречен Bezirksamtsleiter (општински или окружен советник, водач) и е биран од парламентот на округот, а потоа неговиот прием треба да биде назначен од Сенатот, покраинската влада на Хамбург.[4] Секој округ е составен од неколку квартови.

Квартови

уреди

Квартовите на Хамбург не се политички независни, но имаат официјално признати граници.[2] Тие немаат сопствена влада или администрација. Повеќето квартови имаат историја како независни рурални, урбани или субурбани места и тие ја создаваат основата на покраината и градот Хамбург. Оваа историја често може да се забележи во завршетоците на имињата како Бергедорф. -дорф означува село, така Бергедорф е село во планина (Berg е германски за планина). Некои квартови се составени од неколку службени признати места, немојте да бидете збунети со т.н. соседства наречени од жителите. Вкупно, Хамбург е поделен од 180 места (германски: Ortsteile).[6] Квартот Занкт Паули е многу поголем отколку соседството Занкт Паули, што означува област околу Репербан.

Територијална организација

уреди

Округот Алтона се состои од квартовите Алтона-Алтштат, Алтона-Норд, Баренфелд, Бланкенезе, Грос Флотбек, Изерброк, Луруп, Нинштетен, Осдорф, Отмаршен, Отензен, Рисен, Штерншанцен и Зилдорф.

Квартовите Алермее, Алтенгаме, Бергедорф, Билвердер, Курслак, Кирхвердер, Лобриге, Морфлет, Нојалермее, Нојенгаме, Оксенвердер, Рајтброк, Шпаденланд и Татенберг припаѓаат на округот Бергедорф.

Квартовите Билброк, Билштет, Боргфелде, Финкенвердер, Хафен Сити, Хамбург-Алтштат, Хам, Хамерброк, Хорн, Клајнер Грасброк, Нојштат, Нојверк, Ротенбургсорт, Штајнвердер, Занкт Георг, Занкт Паули, Федел, Валтерсхоф и Вилхелмсбург припаѓаат на округот Хамбург-Мите.

Округот Хамбург-Норд е составен од квартовите Алстердорф, Бармбек-Норд, Бармбек-Зид, Дулсберг, Епендорф, Фулсбител, Грос Борстел, Хоелуфт-Ост, Хоенфелде, Лангенхорн, Олсдорф, Уленхорст и Винтерхуде.

Алтенвердер, Кранц, Ајсендорф, Франкоп, Гут Мор, Харбург, Хаусбрух, Хајмфелд, Лангенбек, Мармсторф, Нојенфелде, Нојграбен-Фишбек, Нојланд, Ренебург, Синсторф и Вилсторф се квартови во округот Харбург.

Округот Вандсбек се состои од Бергштет, Брамфелд, Дуфенштет, Ајлбек, Фармзен-Берне, Хумелсбител, Јенфелд, Лемзал-Мелингштет, Маринтал, Попенбител, Ралштет, Зазел, Штајлсхоп, Тондорф, Фолксдорф, Вандсбек, Велингсбител и Волдорф-Олштет.

Округот Ајмсбител е поделен на девет квартови: Ајделштет, Ајмсбител, Харфештехуде, Хоелуфт-Вест, Локштет, Ниндорф, Ротербаум, Шнелзен и Штелинген.

За статистичка цел, округот Хамбург-Мите има реони наречени Schiffsbevölkerung (луѓе кои живеат на бродови).[7]

По азбучен ред

уреди

Алермее | Алстердорф | Алтенгаме | Алтенвердер | Алтона-Алтштат | Алтона-Норд | Баренфелд | Бармбек-Норд | Бармбек-Зид | Бергедорф | Бергштет | Билброк | Билвердер | Билштет | Бланкенезе | Боргфелде | Брамфелд | Кранц | Курслак | Дулсберг | Дуфенштет | Ајделштет | Ајлбек | Ајмсбител | Ајсендорф | Епендорф | Фармзен-Берне | Финкенвердер | Франкоп | Фулсбител | Грос Борстел | Грос Флотбек | Гут Мор | Хафен Сити | Хамбург-Алштат | Хам-Мите | Хам-Норд | Хам-Зид | Хамерброк | Харбург | Харфештехуде | Хаусбрух | Хајмфелд | Хоелуфт-Ост | Хоелуфт-Вест | Хоенфелде | Хорн | Хумелсбител | Изерброк | Јенфелд | Кирхвердер | Клајнер Грасброк | Лангенбек | Лангенхорн | Лемзал-Мелингштет | Лобриге | Локштет | Луруп | Маринтал | Мармсторф | Морбург | Морфлет | Нојенфелде | Нојенгаме | Нојграбен-Фишбек | Нојланд | Нојштат | Нојверк | Ниндорф | Нинштетен | Оксенвердер | Олсдорф | Осдорф | Отмаршен | Отензен | Попенбител | Ралштет | Рајтброк | Рисен | Ренебург | Ротенбургсорт | Ротербаум | Зазел | Шнелзен | Зинсторф | Шпаденланд | Занкт Георг | Занкт Паули | Штајлсхоп | Штајнвердер | Штелинген | Штерншанце | Зилдорф | Татенберг | Тондорф | Уленхорст | Федел | Фолксдорф | Вандсбек | Валтерсхоф | Велингсбител | Вилхелмсбург | Вилсторф | Винтерхуде | Волдорф-Олштет

Белешки

уреди
  1. ^1 2 3 4 5 6 Повеќето имиња се во старогермански изговор.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Verg, Erich; Verg, Martin (2007), Das Abenteuer das Hamburg heißt (4. изд.), Hamburg: Ellert&Richter, стр. 45–46, ISBN 9783831901371 (германски)
  2. 2,0 2,1 Закон за територијална организација
  3. Устав на Хамбург, член 4
  4. 4,0 4,1 Bezirksverwaltungsgesetz (BezVG)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
  6. Список на улици и места во Хамбург, стр. 8
  7. Statistisches Jahrbuch Hamburg 2007/2008 ISSN 1614-8045 (германски)
Општи

Надворешни врски

уреди

53°35′00″N 9°59′00″E / 53.58333° СГШ; 9.98333° ИГД / 53.58333; 9.98333