Биле (германски: Bille) — мала пловна река и десна притока на Елба во Северна Германија. Нејзиниот извор е близу Линау, северно од шумата Ханхајде. Тече јужно од Тритау, претставувајќи ја границата помеѓу окрузите Штормарн и Лауенбург, продолжува јужно од Рајнбек и се влева во реката Елба, близу Билвердер. Многу градби и паркови се наоѓаат долж нејзините речни брегови. Нејзината вкупна должина е 65 километри, од кои 42 километри поминува низ сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, a останатите низ градот Хамбург.

Биле
Биле во Саксонската Шума
Место Шлезвиг-Холштајн и Хамбург, Германија
Должина 65 км
Извор Кај Линау
53°23′07″N 10°16′31″E / 53.3852° СГШ; 10.2753° ИГД / 53.3852; 10.2753
Висина на изворот 65 м над м.н.
Утока Во Хамбург во Елба
53°19′21″N 10°07′37″E / 53.3224° СГШ; 10.127° ИГД / 53.3224; 10.127
Висина на утоката 2 м над м.н.
Спуст 63 м
Слив Елба
Одлив Елба → Северно Море
Слив 506,4 км² [1]
Истек[1] Просечен среден:   3,99 м³/с
Десни притоки Тритауер Миленбах, Корбек, Ладенбек, Глиндер Ау, Шлемер Бах
Леви притоки Шварце Ау, Брокветерунг
Градови Хамбург
Помали градови Рајнбек
Села Тритау, Аумиле, Волторф, Венторф кај Хамбург
Пловност 5 км
од устието до „Ротен Брике“
Биле во Хамбург-Бергедорф

Биле е една од трите реки кои течат низ градот Хамбург, другите две се Елба и Алстер.

Притоки

уреди

Во горна Биле има широко сливно подрачје со многу потоци и мали водотеци. Главни притоки се Корбек, која се влева во Биле близу Вицхафе и Шварце Ау кај Аумиле, имајќи големи исушени делови од големата шума Саксонска Шума.

Знаменитости

уреди
 
Биле кај замокот Рајнбек (Милентајх)

Надворешни врски

уреди
  1. 1,0 1,1 Die Elbe vom Wehr Geesthacht bis zur Mündung in die Nordsee (PDF; 6,4 MB); 22 април 2011