Олаф Шолц
Олаф Шолц (германски: Olaf Scholz; р. 6 јуни 1958 во Оснабрик) — германски политичар, член на Социјалдемократската партија на Германија и градоначалник на Хамбург од 7 март 2011 година и канцелар на Германија од 8 декември 2021 г.
Олаф Шолц | |
---|---|
Канцелар на Германија | |
На должноста | |
Стапил 8 декември 2021 | |
Претходник | Ангела Меркел |
Министер за труд и социјални работи | |
На должноста 21 ноември 2007 – 27 октомври 2009 | |
Претходник | Франц Минтеферинг |
Наследник | Франц Јозеф Јунг |
Сенатор за внатрешни работи на Хамбург | |
На должноста 30 мај 2001 – 31 октомври 2001 | |
Претходник | Хартмут Вроклаге |
Наследник | Роналд Шил |
Заменик претседавач на SPD со Ханелор Крафт, Клаус Воверајт и Мануела Швезих | |
На должноста | |
Стапил 13 ноември 2009 | |
Претходник | Франк-Валтер Штајнмајер Пер Штајнбрик Андреа Налес |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 јуни 1958 Оснабрик, Германија |
Националност | Германија |
Партија | SPD |
Установа | Универзитет Хамбург |
Занимање | Адвокат |
Портал | OlafScholz.de |
Од мај до октомври 2011 година бил министер за внатрешни работи (Innensenator) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург и од 2002 до 2004 бил генерален секретар на SPD. Шолц го наследил Франц Минтеферинг како министер за труд и социјални работи, кога Франц ја напуштил функцијата во 2007 година.[1]
Во 2010, Олаф Шолц учествувал во годишниот состанокот на Билдербершката група во Сиџес, Шпанија.[2]
На 20 февруари 2011, социјалдемократите и Шолц победија на покраинските избори во Хамбург со 48,3% од гласовите, што довело до 62 места од вкупно 121 во парламентот на Хамбург.[3] Шолц се остажал како член на 17. Бундестаг на 11 март 2011 година, кратко по неговиот избор како Прв градоначалник.
На 8 декември 2021 г. Шолц стапил на функцијата канцелар на Германија, на местото на дотогашната канцеларка Ангела Меркел од партијата Демохристијански сојуз.
Наводи
уреди- ↑ Андреас Кремер и Брајан Паркин, „Минтеферинг, заменик-канцелар под Меркел“, Bloomberg.com, 13 ноември 2007.
- ↑ „Официјални страница за средбите на Билдерберг“. Архивирано од изворникот на 2010-06-17. Посетено на 2011-11-16.
- ↑ „AICGS Застапеност на изборите во 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-03-16. Посетено на 2011-11-16.
Партиски функции | ||
---|---|---|
Претходник Франц Минтеферинг |
Генерален секретар на Социјалдемократската партија на Германија 2002-2004 |
Наследник Клаус Уве Бенетер |