Нојграбен-Фишбек
Нојграбен-Фишбек е кварт на Хамбург, Германија, кој припаѓа на округот Харбург. Квартот се состои од старите населби Нојграбен и Фишбек и неодамна изградената зона Нојвидентал.
Нојграбен-Фишбек | |
кварт во Хамбург | |
Црква | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Харбург (Хамбург) |
Основни податоци | |
Површина | 23 км2 |
Население | 27.103 (31 декември 2006) |
- Густина | 1.178 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположбата на Нојграбен-Фишбек во Хамбург | |
Координати | 53°29′0″N 9°52′0″E / 53.48333° СГШ; 9.86667° ИГД |
Историја
уредиИсторија на Фишбек
уредиФишбек бил првпат споменат во 1544 како Vischbecke. Во 1937, независното село Фишбек било припоено кон Хамбург[1].
Историја на Нојграбен
уредиВо 1937, независното село Нојграбен било припоено кон Хамбург[1].
Подкамп Нојграбен
уредиВо Нојграбен се наоѓал подкамп на нацистистичкиот концентрационен логор Нојенгаме.[2] На 13 септември 1944, бил отворен женски подкамп во Фалкенбергвег. 500 чешко-еврејски жени, кои дошле од Гето Терезинштат биле депортирани од Аушвиц. SS во Аушвиц ги избирал жените за работа во Хамбург. Во кампот Нојграбен, работата била градба на помошни домови, исто така цевки за водоснабдување и градење на улици во населбата Фалкенбергзидлунг. Во текот на последните месеци на Втората светска војна некои од жените морале да работата во нафтената индустрија Харбург и да копаат противтенковски пречки во Хамбург-Хаусбрух. Во февруари 1945, СС ги пренел жените во кампот Хамбург-Тифстак, а подоцна оттаму во Берген-Белзен.[3]
Географија
уредиНојграбен-Фишбек е југоисточно од квартот Нојенфелде, на североисток е Франкоп, на исток е квартот Хаусбрух. На југ е округот Харбург во германскаа покраина Долна Саксонија. Голем дел од квартот е природен резерват Harburger Berge (Харбуршки ридови) во јужниот дел. Нојграбен-Фишбек е мешавина на рурална и субурбана површина од 22,5 км2.
Во Нојграбен-Фишбек е највисоката точка на Хамбург, Хаселбрак, која достигнува 116,2 метри надморска височина[4]
Демографија
уредиВо 2006, во квартот Нојграбен-Фишбек живееле 27.103 луѓе. Густината на население била 1.204 жители на еден километар квадратен. 19% биле деца под 18, а 21,4% имале 65 години или повеќе. Странски жители биле 10,1% од населението. 1.644 луѓе биле регистрирани како невработени.[5]
Во 1999, имало 12.170 домаќинства, од кои 27,9% имале деца под 18, кои живееле со нив и 30,5% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,31.[6]
Население по години[5]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
25.603 | 25.794 | 26.228 | 26.384 | 26.505 | 26.643 | 26.643 | 27.415 | 27.381 | 27.630 | 27.589 | 27.657 | 27.753 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
27.685 | 27.601 | 27.453 | 27.599 | 27.377 | 27.218 | 27.103 |
Инфраструктура
уредиСообраќај
уредиНојграбен-Фишбек е опслужуван од системот на надземната железница на градските возови преку станиците Нојграбен и Фишбек.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Закон за голем Хамбург
- ↑ Кампот е запишан како број 560 Хамбург-Нојграбен во официјалниот германски список на концентрациони логори.
- ↑ Споменик Нојенгаме (на германски)
- ↑ Geologisches Landesamt Hamburg (Покраинско биро за геолошки работи на Хамбург)
- ↑ 5,0 5,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Биро (2009-10-09), Надземна железница/Регионална железница (План на мрежата, pdf) (PDF), Hamburger Verkehrsverbund, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-01-17, Посетено на 2009-02-07
Надворешни врски
уреди„Нојграбен-Фишбек“ на Ризницата ? |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г., официјална страница (германски)
- Официјален германски список на концентрациони логори Архивирано на 16 јули 2006 г. Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG (германски)