Франкоп
Франкоп е кварт во округот Харбург на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Франкоп | |
Кварт во Хамбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Харбург |
Основни податоци | |
Површина | 9 км2 |
Население | 634 (31 декември 2008) |
- Густина | 70 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Координати | 53°30′0″N 9°51′0″E / 53.50000° СГШ; 9.85000° ИГД |
Географија
уредиВо 2008, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 9,1 км2.[1] Франкоп е дел од областа Алтес Ланд („стар крај“). На север е квартот Финкенвердер на округот Хамбург-Мите, на исток е квартот Алтенвердер, Морбург и Хаусбрух. Франкоп на југ се граничи со Нојграбен-Фишбек и на запад со Нојенфелде.
Демографија
уредиВо 2008, во квартот Франкоп живееле 634 луѓе. Густината на население била 70 жители на км2. 17,1% биле деца под 18 години, а 19,4% имале 65 или повеќе години. 3,3% биле имигранти. 15 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 322 домаќинства од кои 24,8% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 34,8% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,3.[2]
Население по години [1]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
725 | 737 | 732 | 748 | 753 | 740 | 719 | 707 | 721 | 701 | 713 | 721 | 721 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 |
726 | 698 | 704 | 701 | 674 | 662 | 639 | 636 | 634 |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
Оваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |