Ниндорф (германски: Niendorf; службено Хамбург-Ниндорф) — еден од 105. квартови на Хамбург, Германија во округот Ајмсбител.

Ниндорф
Четврт во Хамбург
Пешачка зона во Ниндорф
Пешачка зона во Ниндорф
Пешачка зона во Ниндорф
Ниндорф во рамките на Германија
Ниндорф
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Ајмсбител
Основни податоци
Површина 13 км2
Население 39.690  (31 декември 2006)
 - Густина 3.053 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Ниндорф во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°37′4″N 9°57′1″E / 53.61778° СГШ; 9.95028° ИГД / 53.61778; 9.95028Координати: 53°37′4″N 9°57′1″E / 53.61778° СГШ; 9.95028° ИГД / 53.61778; 9.95028

Географија уреди

Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот има вкупна површина од 12,7².

Демографија уреди

Во 2006, во квартот Ниндорф живееле 39.690 луѓе. 15,2% биле деца под 18 години, а 24,8% имале 65 или повеќе години. 6,9% биле странци. 1.140 биле регистрирани како невработени[1].

Во 1999, имало 20.092 домаќинства и 40,5% од сите домаќинства биле составени од поединци.[2]

Образование уреди

Постојат 5 основни и 4 средни училишта во Ниндорф,[3] вклучувајќи ја и гимназијата Охмор.

Инфраструктура уреди

Здравствен систем уреди

Во 2006, имало 71 лекар во приватни ординации и 10 аптеки.[3]

Сообраќај уреди

Јавниот превоз е обезбеден од Hamburger Verkehrsverbund со неколку станици на подземната железница и автобуски линии. Железничката станица Ниндорф-Север е терминал за линијата У2.

Сојузниот автопат 447 поминува низ квартот, поврзувајќи ги B5 со А7. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Ниндорф биле регистрирани 18.046 приватни возила (454 возила на 1.000 луѓе).[3]

Наводи уреди

  1. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. 3,0 3,1 3,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски уреди