Фулсбител
Фулсбител е урбан кварт во северниот дел на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Норд. Познат е како место на меѓународниот аеродром Хамбург и место на затворот, кој служел како концентрационен логор во нацистичкиот систем на репресија.
Фулсбител | |
Кварт во Хамбург | |
Терминал 2 на аеродромот Хамбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 7 км2 |
Население | 11.890 (1 јануари 2006) |
- Густина | 1.699 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположбата на Фулсбител во градот Хамбург | |
Координати | 53°38′6″N 10°0′58″E / 53.63500° СГШ; 10.01611° ИГД |
Историја
уредиВо 1871, со декларација на германското царство, селото Фулсбител било дадено на покраината Хамбург.
Концентрационен логор Фулсбител
уредиНа 4 март 1933, делови од затворот Фулсбител, првично изграден како регуларен затвор во 1879, станале подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме[1] три месеци по станување на Хитлер како канцелар на Германија (20 јануари 1933). Најпрвин, бил под команда на СА. Повеќето од затвореници биле комунисти, социјалдемократи и други политички соперници на нацизмот, Евреи, Јеховини сведоци, Роми, хомосексуалци и други од кои режимот гледал закана. Во 1936, Гестапо започнал да го води кампот, тогаш наречен Polizeigefängnis Fuhlsbüttel (полициски затвор). Над 700 луѓе биле интернирани во кампот за време на кристалната ноќ во 1938. Концентрациониот логор Фулсбител бил именуван и како акронимот KolaFu (скратено од Kozentrationslager Fuhlsbüttel) и станал синоним за репресија и смрт преку тешка работа. Фулсбител често бил почетната точка за затворање на затворениците, кои биле праќани во други кампови, како што се Бухенвалд, Естервеген, Нојенгаме, Равенсбрик или Заксенхаузен. Кампот бил ослободен на 3 мај 1945, во кој дотогаш веќе биле убиени над 250 луѓе.
Денес, постои споменик за кампот во близина.
Географија
уредиВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Фулсбител имал вкупна површина од 6,6 км2.
Клима
уредиДемографија
уредиВо 2006, 11.890 живееле во квартот Фулсбител. Густината на население била 1.806 на км2. 14,6% биле деца под 18 години, а 20,5% имале 65 години или повеќе. 9,7% биле имигранти. 508 луѓе биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, имало 6.768 домаќинства и 49,7% од сите домаќинства биле сочинети од еден член.[3]
Според секторот за патнички возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.004 приватни возила во квартот Фулсбител (425 возила/1000 луѓе).[4]
Има 2 основни училишта и 1 средно училиште во квартот Фулсбител и 26 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]
Сообраќај
уредиФулсбител е опслужуван од метрото од линијата У1, со две станици, Фулсбител и Фулсбител Норд (порано наречена Флугхафенштрасе).
Од декември 2008, Фулсбител е опслужуван исто така и од градските возови со линијата С1, преку аеродромската железничка станица.[5]
Познати згради
уреди- Света Богородица лутеранска црква
Наводи
уреди- ↑ [„Службен германски список (германски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на германски]]“. Архивирано од изворникот на 2006-07-16. Посетено на 2011-11-20. URL–wikilink conflict (help) Службен германски список (германски)]
- ↑ Биро за регистрација на граѓаните Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Биро (2008-12-14), Надземна железница/ Регионални возови (План на мрежата, pdf) (PDF), Hamburger Verkehrsverbund, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-01-17, Посетено на 2009-03-03
Надворешни врски
уреди- Историја на концентрационен логор Фулсбител Архивирано на 1 октомври 2011 г. Retrieved 29 март 2010
- Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein Архивирано на 17 јуни 2008 г. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, службена страница. Retrieved 29 март 2010 (германски)
„Fuhlsbüttel“ на Ризницата ? |