Харбург е округ во градот Хамбург, Германија и кварт во овој округ. Округот Харбург се наоѓа на јужните брегови на реката Елба и ги покрива деловите на пристаништето Хамбург, станбени и рурални делови и некои истражувачки институти.

Харбург
Округ во Хамбург
Окружно собрание Харбург
Окружно собрание Харбург
Окружно собрание Харбург
Грб на Харбург
Харбург во рамките на Германија
Харбург
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 17 квартови
Основни податоци
Површина 161 км2
Население 202.526  (25 декември 2008)
 - Густина 1.258 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи на Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°27′N 9°58′E / 53.450° СГШ; 9.967° ИГД / 53.450; 9.967

Историја

уреди

До 1937, Харбург припаѓал на пруската Провинција Хановер, каде бил главен град на округот Харбург. Во 1927, бил припоен кон соседниот град Вилхелмсбург да го создадат градот Харбург-Вилхелмсбург. По донесувањето на законот за голем Хамбург, Харбург, заедно со другите градови, како што е Алтона, бил припоен кон градот Хамбург.[1] И покрај припојувањето во Хамбург, Харбург продолжил да биде главен град на хановерскиот округ Харбург. Во 1944, окружниот главен град бил преместен во Винзен на Луе.

На 1 јануари 2007, Ortsämter (месните заедници) биле распуштени и организацијата на сите окрузи на Хамбург била реструктурирана. Во округот Харбург, во поранешната месна заедница Kerngebiet Harburg (централна област) припаѓале квартовите Ајсендорф, Гут Мор, Харбург, Хајмфелд, Лангенбек, Мармсторф, Нојланд, Ренебург, Синсторф и Вилсторф. Квартовите Алтенвердер, Кранц, Франкоп, Хаусбрух, Морбург, Нојенфелде и Нојграбен-Фишбек припаѓале на месната заедница Süderelbe (Јужна Елба).[2]

На 1 март 2008, квартот Вилхелмсбург од Харбург бил преместен во округот Хамбург-Мите, поради законот на Хамбург.[3]

Географија

уреди

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, округот Харбург има вкупна површина од 160,6 км2 и квартот Харбург имал површина од 3,9 км2.

Административни единици

уреди

Како сите други окрузи на Хамбург, Харбург е поделен на повеќе квартови. Тие се:

Алтенвердер
Кранц
Ајсендорф
Франкоп
Гут Мор
Харбург
Хаусбрух
Хајмфелд
Лангебек

Мармсторф
Морбург
Нојенфелде
Нојграбен-Фишбек
Нојланд
Ренебург
Синсторф
Вилсторф

Демографија

уреди

Во 2006, во округот живееле 201.119 луѓе. Густината на население била 1.253 луѓе на км2. 18,9% биле деца под 18 години, додека 18,7% биле над 65 години или постари. 20,1% од жителите биле странци. 12.785 луѓе биле регистрирани како неврабоени.[4] Во 1999, имало 94.273 домаќинства, од кои 23.9% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 40% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,11.[5]

Население по години[4]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
182.512 183.710 187.244 190.623 192.546 195.423 196.541 196.931 197.535 197.710 197.383 195.873 195.830
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
196.263 198.400 198.924 199.715 200.092 200.322 201.119

Во 2006, имало 24.900 криминални дела во округот (124 дела на 1000 луѓе).[6]

Овие броеви се однесуваа и за квартот Харбург.

Окружно собрание

уреди

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избрано како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.

Избори

уреди

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии кои имаа над 5 проценти (минимумот за квалификување) се: конзервативната ЦДУ, социјалдемократската СПД, еколошката Зелена партија (GAL), левата Ди Линке и либералната ФДП. Излезноста на гласачите била 54,6%.[7]

Партија Процент Места
ЦДУ 40 21
СПД 35,8 18
ГАЛ 10,1 5
Ди Линке 8,1 4
ФДП 6 3

Образование

уреди

Округот има 32 основни училишта и 26 средни училишта (на пр. Гимназија Фридрих Еберт), како и 3 основни и 4 средни училишта во квартот Харбург.[8]

Техничкиот универзитет Хамбург има меѓународен углед за неговите инженерски објекти.

Инфраструктура

уреди

Здравствен систем

уреди

Постоеле 316 лекари во приватни ординации и 48 аптеки во 2006.[8]

Сообраќај

уреди
 
Железничка станица Хамбург-Харбург

Округот и квартот се опслужувани од железничкиот систем на градските возови преку неколку станици. Железничката станица Хамбург-Харбург е исто така станица за патничките возови на долги релации на германската железничка компанија.

Според одделот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Харбург има регистрирани 69.262 приватни автомобила (346 автомобили/1000 луѓе).[8]

Наводи

уреди
  1. Groß-Hamburg-Gesetz
  2. Verwaltungsreform (Административна реформа)
  3. Закон за територијална организација
  4. 4,0 4,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  6. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  7. Крајните резултати од изборите, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
  8. 8,0 8,1 8,2 Извор. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Белешки

уреди

Надворешни врски

уреди