Винтерхуде
Винтерхуде е квартер во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.
Винтерхуде | |
Кварт во Хамбург | |
Каналот Goldbekkanal со мост на подземната железница | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 8 км2 |
Население | 48.799 |
- Густина | 6.100 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Винтерхуде во Хамбург | |
Координати | 53°36′0″N 10°0′0″E / 53.60000° СГШ; 10.00000° ИГД |
Историја
уредиВинтерхуде бил првпат споменат во 13-от век,[1] но археолошките откритија на предмети, оружја и гробници потекнуваат од 1700 п.н.е. и 700 п.н.е..[2]
Во текот на Втората светска војна, пристаништето Хамбург и со тоа Винтерхуде биле цели на воздушните напади, на т.н. Операција Гомора.
Географија
уредиВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Винтерхуде имал вкупна површина од 7,6 км2. На север е квартот Алстердорф, а квартот Бармбек-Норд е на исток. На запад се квартовите Епендорф и Харфештехуде и на југ се Уленхорст и Бармбек-Зид.
Во Винтерхуде е градскиот парк на Хамбург (Hamburger Stadtpark).
Демографија
уредиВо 2007, населението во квартот Винтерхуде било 48.799. Густината на население била 6.439 жители на км2. 10,6% биле деца под 18 години, а 15% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.684 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 31.732 домаќинства, а 60,4% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинствата била 1,61.[4]
Население по години
1709 | 1810 | 1811 | 1834 | 1838 |
100 | 238 | 242 | 325 | 380 [5] |
1939 | 1950 | 1961 | 1970 | 1980 |
65.937 | 90.623 | 79.235 | 61.899 | 50.787 [6] |
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
47.225 | 46.988 | 47.236 | 47.767 | 48.404 | 49.460 | 49.449 | 49.819 | 49.040 | 49.192 | 48.536 | 48.536 | 48.756[7] |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 |
48.653 | 48.469 | 48.421 | 48.610 | 48.532 | 48.602 | 49.018 | 48.799[7] |
Во 2007, имало 4.622 кривични дела (95 дела на 1.000 луѓе).[7]
Образование
уредиВо 2006, имало 6 основни и 3 средни училишта во квартот Винтерхуде со 3.959 ученици.[8]
Инфраструктура
уредиВо 1956, основан е генералниот конзулат на Република Индонезија, кој се наоѓа во овој кварт.[9] Генералниот конзулат на Исламската Република Иран бил основан во 1858 и исто така се наоѓа во улицата Bebelallee.[10]
Здравствен систем
уредиБолницата Israelitisches Krankenhaus има 180 кревети.[11]
Имало 32 дневни центри за деца, 156 лекари во приватни ординации и 16 аптеки.[7]
Сообраќај
уредиВинтерхуде е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици: Sierichstraße, Borgweg и Saarlandstraße (линија У3), Hudtwalkerstraße и Lattenkamp (линија У1). Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Винтерхуде биле регистрирани 15.992 приватни возила (328 возила/1000 луѓе).[7]
Наводи
уреди- ↑ Шпарман 1968, стр. 401
- ↑ Шиндлер 1960, стр. 284 et sqq.
- ↑ Биро за регистрацијата на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Недермајер (1847), Zur Statistik und Topographie der Freyen und Hansestadt Hamburg, Хамбург, стр. 88 et sqq. and 128 (германски)
- ↑ BAUBEHÖRDE HAMBURG 1981, S.11 and STATISTISCHES LANDESAMT. Statist. Taschenbücher: Einwohnerentwicklung 1973-1995
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, стр. 13 и 38 (германски)
- ↑ Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, стр. 14 и 38 (германски)
- ↑ Болници во Хамбург (PDF), Behörde für Soziales, Familie, Gesundheit und Verbraucherschutz Министерство за социјални работи, семејни работи, здравство и заштита на потрошувачите, 2008-01-01, Посетено на 2008-02-28[мртва врска] (германски)
Надворешни врски
уреди„Winterhude“ на Ризницата ? |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург: Liste des Konsularkorps sowie der Handelsvertretungen, der kulturellen Institute und der internationalen Institutionen in der Freien und Hansestadt Hamburg (PDF), Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцелар на сенатот, 2008 (германски)