Хамбуршки парламент
Хамбуршкиот парламент (германски: Hamburgische Bürgerschaft) е еднодомен парламент на германската покраина Хамбург, според уставот на Хамбург. Во 2011 имало 121 член во парламентот, што претставува релативна еднаков однос на изборните единици. Парламентот се наоѓа во собранието во Градскиот дом на Хамбург („ратхаус“), во кога дел е и Владата на Хамбург.
Хамбуршки парламент Hamburgische Bürgerschaft | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Водство | |
Претседател на Хамбуршкиот парламент | Карола Фајт, SPD од 23 март 2011 |
Места | 121 |
Зборно место | |
Градски дом на Хамбург | |
Мрежно место | |
http://www.hamburgische-buergerschaft.de |
Парламентот меѓу другите работи одговорен е за законот, изборот на Erster Bürgermeister (Прв Градоначалник) за изборниот период и контролата на Сенатот (владиниот кабинет).
121 член се избираат на универзални, директни, слободни и тајни избори на секои четири години.[1][2]
Историја
уреди
Хамбург |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Законодавна
Судска
Поделба
|
|
Потекло
уредиBürgerschaft како термин е во употреба од средниот век да се однесува на машките жители на Хамбург со државјанство. Комитет за земјопоседничката класа во рамките на градот, наречен Erbgesessene Bürgerschaft, бил создаден од оваа група во 15-от век да ја раководи државата. Првиот познат документ на овој комитет, кој традиционални бил доминиран од локалните трговци, потекнува од 1410 и бил именуван Der Erste Rezess (приближно: Првата споредба). Системот на наследни места бил склон кон корупција и настанале неколку големи борби во следните декади.
Lange Rezess (приближно: Долгата споредба) од 1529 го реформирала административниот систем на градот и направила владејачкиот совет да одговора на неколку комитети на Erbgesenne Bürgerschaft. Овие тела се појавиле надвор од црковните структури на сега Лутеранската црква, но не можеле да ги решат сите аспекти на чувствителната ремнотежа на силата. Така, комисија, пратена од императорот на Светското Римско Царство, морал присилно да обезбеди мир во 1708 и градот морал да ги договори административните структури во следните години.
Следниот период довел до поголема критичност на воспоставените структури и Харбург учествувал во изборите на Франкфуртското национално собрание во 1848. Ова резултирала со уште поголема дебата и Erbgesenne Bürgerschaft донел нов изборен закон за да ја намали критичноста во септември 1848, но пруските трупи во текот на Првата шлеска војна доведе до хаос.
Избори во 1859
уредиНов обид за реформа на уставот бил започнат по долги дискусии во 1859 и Erbgesenne Bürgerschaft се сретнал за последен пат во ноември истата година да го донесе новиот ред, како и да се распушти во корист на Bürgerschaft. Од 1859, Bürgerschaft се однесува на ова избрано парламентарно тело.
Хамбуршки парламент во СР Германија
уредиИзборите од 1949 довеле до вториот избран парламент на Хамбург по Втората светска војна, а Социјалдемократската партија ја одржувала нејзината традиционална доминантна улога, откако се возобновила по изборите за време на британската окупација од 1946. Партијата продолжила да владее со градот, освен 1953-57, до првиот Сенат на Оле фон Бојст, формиран во 2001.
Од 23 март 2011, Хамбуршкиот парламент е во неговиот 20-ти законодавен период во Сојузната Република Германија. Владата на СПД ја наследила коалицијата на ЦДУ и Зелените.
Организација
уредиПретседател и одбор
уреди
Претседателот на парламент го раководи парламентот и неговите заседанија. Претседателот е поддржан од 'Првиот заменик-претседател' и 3 заменици-претседатели, сите избрани од претставниците. Претседателот, замениците-претседателот и 3 високи службеници се дел од одборот (германски: Präsidium).
Во 2011, претседател на Хамбуршкиот парламент бил Карола Фајт.
Мандат | име |
---|---|
1859–1861 | д-р Јоханес Ферсман |
1861–1863 | д-р Исак Волфсон |
1863–1865 | д-р Херман Баумајстер |
1865–1868 | д-р Георг Кунарт |
1868–1868 | д-р Херман Баумајстер |
1869–1869 | Јохан А. Т. Хофман |
1869–1877 | д-р Херман Баумајстер |
1877–1885 | д-р Герхард Хахман |
1885–1892 | д-р Ото Менкеберг |
1892–1902 | Зигмунд Хинриксен |
1902–1913 | Јулиус Енгел |
1913–1919 | д-р Александер Шен |
1919–1920 | Бертолд Гросе |
1920–1928 | Рудолф Рос |
1928–1931 | Макс Хуго Лојтериц |
1931–1933 | д-р Херберт Рушевој |
1946 | д-р Херберт Рушевој |
1946–1960 | Адолф Шенфелдер |
1960–1978 | Херберт Дау |
1978–1982 | Петер Шулц |
1982–1983 | д-р Мартин Вилих |
1983–1986 | Петер Шулц |
1986–1987 | д-р Мартин Вилих |
1987–1987 | Елизабет Киауш |
1987–1991 | Хелга Елстнер |
1991–1993 | Елизабет Киауш |
1993–2000 | Уте Папе |
2000–2004 | д-р Дороти Штапелфелт |
2004–2010 | Бернт Редер |
2010–2011 | Луц Мохаупт |
2011– | Карола Фајт |
Совет на најстари
уредиСоветот на најстарите (германски: Ältestenrat) се состои од претседателот, замениците-претседатели и неколкуте членови, назначен од парламентарните групи. Советот го поддржува претседателот и одборот во поглед на одлуките за дневниот ред, кадровските прашања и финансиските работи.
Парламентарни групи
уредиПарламентарните групи (германски: Fraktionen) се составени од најмалку 6 членови на парламентот. Повеќето од овие групи се од една партија.
Комитети
уредиДневната работа на парламентот е завршувана во комитети.
Избор на кандидатите
уредиИзборот е регулиран со закон. Почнувајќи од 2008, избран во парламентот може да биде секој Германец по неговиот/нејзиниот 18-ти роденден. Тој/таа е ограничен, ако на тој/таа не му е дозволено да гласа со пресуда, не поседува деловна способност или има застапник според закон.[4]
Тековен состав
уредиПокраинските избори, со новиот изборен закон, биле одржани во Хамбург на 20 февруари 2011. Дебатите во изборната кампања биле доминирани од економските и образовните прашања, како и оценката на неуспешниот Сенат под водствот на Кристоф Алхаус од ЦДУ, наследникот на Оле фон Бојст.
Петте партии, кои имале повеќе над 5 проценти (минимум за избор) биле социјалдемократската SPD, христијаско-демократската CDU, еколошката Зелена алтернативна листа (GAL; кој е хамбуршкиот огранок на Сојуз '90/Зелени), либералната Слободна демократска партија и левата Die Linke, кои влегле во парламентот за првпат во 2008.[5] SPD, под водство на Олаф Шолц, освоил апсолутно мнозинство од 121 место во Хамбуршкиот парламент и формирал влада во Хамбург без коалициони партнери.
Наводи
уреди- ↑ „Што е Хамбуршкиот парламент?“, Hamburgische Bürgerschaft, Архивирано од изворникот на 2011-07-19, Посетено на 2008-08-14
- ↑ „Кој работи во Парламентот?“, Hamburgische Bürgerschaft, Архивирано од изворникот на 2007-08-13, Посетено на 2008-08-14
- ↑ Hamburgische Bürgerschaft - Präsidenten der Bürgerschaft seit 1859, Архивирано од изворникот на 2007-10-12, Посетено на 2008-09-20 (германски)
- ↑ „Gesetz über die Wahl zur hamburgischen Bürgerschaft (BüWG) in der Fassung vom 22. Juli 1986“ (германски). Архивирано од изворникот на 2005-01-08. Посетено на 2009-09-12.
- ↑ DW staff (ncy) (2008-02-23), Хамбуршките избори ја засилиле германската крајна левица, Deutsche Welle, Посетено на 2008-09-21
Надворешни врски
уреди- Службена страница на Хамбуршкиот парламент Архивирано на 14 април 2009 г.
- Парламентот на Хамбург на www.hamburg.de (германски)