Вандсбек е урбан кварт во округот Вандсбек на Хамбург, Германија и поранешниот град Вандсбек бил дел од Војводството Холштајн.

Вандсбек
Кварт во Хамбург
Автобуската станица Вандсбек
Автобуската станица Вандсбек
Автобуската станица Вандсбек
Вандсбек во рамките на Германија
Вандсбек
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Вандсбек
Основни податоци
Површина 6 км2
Население 32.350  (1 јануари 2006)
 - Густина 5.392 жит/км2
Основано 13 век
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на квартот Вандсбек во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°34′0″N 10°5′0″E / 53.56667° СГШ; 10.08333° ИГД / 53.56667; 10.08333

Историја

уреди

Вандсбек некогаш бил дел од грофовијата Штормарн. Неговите села биле првпат спомнати во средината на 13-от век. Името Wandsbek, Wandsbeck или (постаро) Wantesbeke потекнуваат од долногерманските зборови („долногермански“) за „гранична река“ и реката Вандзе била природна територијална граница.

Старата данска фраза за искажување дека нешто е измама/неверодостојно се велело дека „det gælder ad Wandsbek[/Vandsbæk] til“ (i.e. „ова е валидно во Вандсбек“.). Вандсбек бил еден од трите локации на данската монархија, каде што првпат се одржала лотаријата и овој израз потекнува од првите години на лотаријата, каде бројот на луѓе што сакале да освојат награди во Копенхаген играле со карти купени од Вандсбек. Оттогаш секој од трите града имал сопствен сет на броеви, картата купена од еден град била безвредна во другите два.[1]

До 1864, Вандсбек бил дел од Војводството Холштајн и под власта на данскиот крал. Потоа, станала дел од пруската провинција Шлезвиг-Холштајн.

Во 1937, прускиот град Вандсбек се придружил на градот Хамбург поради Законот за голем Хамбург.

Географија

уреди

Квартот Вандсбек имал површина од 6 км2. На запад се граничи со квартот Дулсберг во округот Хамбург-Норд. На север се наоѓа Брамфелд со малата река Остербек. На исток се квартовите Фармзен-Берне и Тондорф. Јужната граница е со квартот Маринтал, која главно е обележена со железничките пруги на една од линиите на градските возови.

Демографија

уреди

Во 2006, 32.350 луѓе живееле во квартот Вандсбек. Густината на населеност била 5.397 луѓе на км2. 11,7% биле деца под 18 години, а 21,9% имале 65 или повеќе години. 14,5% биле странци. 1.754 лица биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, постоеле 19.083 домаќинства, од кои 14,4% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 54,1% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,72.[3]

Во 2006, се случиле 5.306 кривични дела во квартот (164 дела на 1000 луѓе).[4]

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Вандсбек биле регистрирани 11.771 приватни возила (365 возила на 1000 луѓе).[5]

Постоеле 5 основни и 3 средни училишта во квартот Вандсбек.[5]

Инфраструктура

уреди

Здравствен систем

уреди

Основана во 1937 како воена болница за германскиот Вермахт, воената болница на Bundeswehr (Bundeswehrkrankenhaus Hamburg) со 305 кревети во 13 оддели е општа болница и универзитетска болница на Хамбуршкиот универзитет. Болницата има капацитет и за примање на итни случаи. Ургентната амбуланта со доктори и хеликоптер за спасување се наоѓаат во болницата.[6] Се наоѓа на Lesserstr. 180.[7]

52 доктори во приватни ординации и 9 аптеки биле изброени во 2006.[5]

Вандсбек во литературата

уреди

Од 1771 до 1775, германскиот поет Матијас Клаудиус го уредил високо ценетиот литературен магазин Wandsbecker Bote во Вандсбек.

Наводи

уреди
  1. Salmonsens Konversationsleksikon, 2nd ed., vol. XXIV, entry: "Wandsbeck" (1928). Copenhagen: J. H. Schultz. стр. 516. (дански)
  2. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Bundeswehrkrankenhaus Hamburg (Посетено на May 14, 2008)
  7. Список на болници во Хамбург, страница 9

Надворешни врски

уреди