Финкенвердер
Финкенвердер (долногермански: Finkwarder, Finkenwarder или - wärder; германски: Finkeninsel) е кварт на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Мите. Тука е местото на фабриката на Ербас и неговиот аеродром. Во 2006, населението било 11.629.
Финкенвердер | |
Кварт во Хамбург | |
Куќа (изградена 1817) на улицата Ауедајх во Финкенвердер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Мите |
Основни податоци | |
Површина | 19 км2 |
Население | 11.629 (1 јануари 2006) |
- Густина | 612 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположбата на Финкенвердер во Хамбург | |
Координати | 53°31′37″N 9°51′57″E / 53.52694° СГШ; 9.86583° ИГД |
Историја
уредиВо текот на Втората светска војна, до 30 април 1945, постоел концентрационен логор во Финкенвердер. Бил подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме.[1]
Географија
уредиХамбуршкото пристаниште покрива дел од овој кварт. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Финкенвердер имал вкупна површина од 19,3 км2.
Западната и северната граница е реката Елба на север со округот Алтона. Долна Саксонија е на исток. На југ е границата со квартот Бергедорф.
Демографија
уредиВо 2006, во квартот Финкенвердер живееле 11.629 луѓе. Густината на население била 602 жители на км2. 18,9% биле деца под 18 години, а 19,8% имале 65 години или повеќе. 13% биле имигранти. 461 биле регистрирани како невработени.[2]
Во 1999, имало 5.702 домаќинства, од кои 25,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 39,9% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,1.[3]
Во 2006, имало 867 кривични дела (75 дела на 1000 луѓе).[4]
Образование
уредиПостојат 2 основни училишта и 2 средни училишта во квартот Финкенвердер.[5]
Економија
уредиФинкенвердер е поделен на индустриски и рурален дел. Аеродромот Хамбург-Финкенвердер управуван од Ербас S.A.S. индустриите и некои објекти на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во овој кварт.
Инфраструктура
уредиЗдравствен систем
уредиФинкенвердер има шест дневни центри за деца и исто така седум лекари во приватни ординации и три аптеки.[5]
Сообраќај
уредиКвартот не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови. Јавниот превоз е обезбеден со автобуси на Hamburger Verkehrsverbund и HADAG Seetouristik und Fährdienst, кој ги оперира фериботите на реката Елба.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 4.354 приватни возила во Финкенвердер (376 автомобили/1000 луѓе).[5] Имало вкупно 58 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 45 сообраќајни несреќи со жртви.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кампот е набројан како број 554 Хамбург-Финкенвердер во официјалниот германски список на концентрациони логори.
- ↑ Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
уреди„Финкенвердер“ на Ризницата ? |
- Официјален германски список на концентрациони логори Архивирано на 16 јули 2006 г. Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG (германски)
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)