Црква Свети Јаков (Хамбург)
Црквата Свети Јаков е една од петте главни лутерански цркви во Хамбург, Германија. Црквата, која се наоѓа во строгиот центар на градот, има 125 висока камбанарија и ги поседува познатите оргули од Арп Шнитгер од 1693. Посветена е на Апостол Јаков.
Црква Свети Јаков Hauptkiche St. Jacobi | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Кварт Нојштат, Хамбург, Германија |
Координати | 53°33′01″N 10°00′02″E / 53.550278° СГШ; 10.000556° ИГД |
Припадност | Евангелистичка црква во Германија |
Духовно-организациски статус | Катедрала |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | Готска |
Историја
уредиКога првпат била спомната во 1255, Свети Јаков била мала капела надвор од хамбуршките градски ѕидови. Откако тие биле проширени во 1260, црквата станала дел од градската територија на Хамбург. И сега е во центарот а градот, скриена позади една од главните шопинг-улици (Mönckebergstraße).
Помеѓу 1350 и 1400, капелата била заменета со поголема црква со три наоси, слично како кај Свети Петар. Околу 100 години подоцна, четвртиот наос бил додаден на јужната страна на градбата. Ризницата на североистокот исто така потекнува од тоа време (1438) и денес е единствениот пример на секуларната готска архитектура.
Втората кула, изградена во 1826/27 откако првата станала трошна, била уништена со остатокот од црквата во бомбардирањето во текот на Втората светска војна. Само историскиот внатрешен мебел бил зачуван. Во 1963, Свети Јаков била обновена според средновековниот дизајн, иако со модерна купола.
Поважни одлики
уредиЗградата се наоѓа на неколку метри источно од 10-от источен меридијан, кој поминува низ центарот на градот.
Познатите оргули на Арп Шнитгер од 1693 во западната галерија, со нивните 60 регистри и околу 4.000 цевки, се најголемите барокни оргули во Северна Европа. Од 1989 до 1993, оргулите биле целосно обновени и од нивното пуштање во употреба на Велигден во 1993, може да се слушнат секоја недела во текот на литургиите.
Свети Јаков имал три средновековни олтари: Олтар Свети Троица во главниот дел (околу 1518), Олтарот на Свети петар во првиот јужен наос (1508) и Олтарот Свети Лукас во вториот јужен наос (1500), кој потекнува од Хамбуршката катедрала.
Исто така, за забележување е и Собата на свештениците, која првично била наменета за библиотека. Од 1543, била соба за збирките на свештениците на црквата и била преобликувана во 1710. На таванот мурали, со нивните граѓански добродетели, ја покажуваат важноста за одржување на парохијата во градот. Тие биле насликани, како пејзажни слики на ѕидод од Јохан Мориц Ризенбергер. Грбовите на ѕидовите именувале пастири, викари и поротници кои служеле во парохијата од шеснаесеттиот век.
Витражи
уредиВитражите биле создадени од Чарлс Кродел, кој исто така ги направил прозорците за црквата Свети Матеј во Винтерхуде и за црквата Света Богородица во Фулсбител.
Погреби
уредиНадворешни врски
уреди- (германски) (англиски) Страница на парохијата Архивирано на 16 јуни 2009 г.
- (германски) Hamburg Hauptkirche: St. Jacobi Архивирано на 27 февруари 2007 г.
- 53°33′01″N 10°00′02″E / 53.55028° СГШ; 10.00056° ИГД