Попенбител е кварт во округот Вандсбек во Хамбург, Германија.

Попенбител
Кварт во Хамбург
Попенбител во рамките на Германија
Попенбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Вандсбек
Основни податоци
Површина 8 км2
Население 21.930  (31 декември 2006)
 - Густина 2.741 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Попенбител во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°39′33″N 10°5′5″E / 53.65917° СГШ; 10.08472° ИГД / 53.65917; 10.08472

Историја

уреди

Попенбител станал дел од Хамбург во 1937, како последица на Законот за голем Хамбург. Во текот на Втората светска војна постоеле работни оддели на подкампот Зазел на концентрациониот логор Нојенгаме во квартот.[1]

Географија

уреди

Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 8,1 км2. На север Попенбител се граничи со покраината Шлезвиг-Холштајн, на запад е квартот Химелсбител. На југ е квартот Велингсбител и на исток се квартовите Зазел и Лемзал-Мелингштет.

Демографија

уреди

21.930 луѓе живееле во квартот во 2006, густината на населеност била 2.701 на км2. 14,5% биле деца под 18 години, а 30,4% имале 65 или повеќе години. 5,6% биле странци. 413 лица биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, постоеле 10.260 домаќинства и 36,7% од сите домаќинства биле составени од поединци.[3]

Образование

уреди

Во 2006 имало 3 основни и 3 средни училишта во квартот Попенбител.[4]

Инфраструктура

уреди

Здравствен систем

уреди
 
Автобуската станица
 
Споменик Хамбург-Попенбител

До 2006 имало 92 доктори во приватни ординации и 8 аптеки.[4]

Сообраќај

уреди

Попенбител е опслужуван од железничкиот систем на подземната железница и градски возови преку неколку станици. Железничката станица Попенбител е терминал за лонијата S1.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 10.581 приватни возила (484 возила на 1000 луѓе).[4]

Споменик за концентрациониот подкамп

уреди

Од септември 1944 до април 1945, еврејски жени од подкампот Хамбург-Зазел биле приморани да градат куќи во овој кварт. Последната постоечка куќа се наоѓа во улицата Критенбарг и сега е спомен-куќа.[5]

Наводи

уреди
  1. Местата се запишани под број 1161 Попенбител-Зазле во службениот германски список.
  2. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Споменик Нојенгаме (германски)

Надворешни врски

уреди