Гестхахт

град во Шлезвиг-Холштајн, Германија

Гестхахт (германски: Geesthacht) — најголем град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 34 километри југоисточно од Хамбург, на десниот брег на реката Елба. Градот претставува дел од метрополитенската област Хамбург.

Гестхахт
Градското собрание на Гестхахт
Градското собрание на Гестхахт
Градското собрание на Гестхахт
Грб на Гестхахт
Гестхахт во рамките на Германија
Гестхахт
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Војводство Лауенбург
Градоначалник Фолкер Манов (независен)
Основни податоци
Површина 33,18 км2
Надм. височина 5 м
Население 31.160 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 939 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RZ
Пошт. бр. 21498–21502
Повик. бр. 04152
Портал geesthacht.de
Местоположба на градот Гестхахт во рамките на округот Војводство Лауенбург
Карта
Карта
Координати 53°26′N 10°22′E / 53.433° СГШ; 10.367° ИГД / 53.433; 10.367Координати: 53°26′N 10°22′E / 53.433° СГШ; 10.367° ИГД / 53.433; 10.367

Територијата на градот непосредно се граничи со хамбуршкиот кварт Алтенгаме, додека од Долна Саксонија е разделена преку Елба, а самиот град се наоѓа на тромеѓе помеѓу трите покраини (Шлезвиг-Холштајн, Хамбург и Долна Саксонија).

Историја уреди

  • Околу 800 година: Била спомената црква.
  • 1216: Прв документирано спомнување на населба како „Хахеде“ (Hachede), тогаш дел од Саксонија.
  • Промената на текот на Елба ја поделило населбата на две: Гестхахт и Маршахт (денес во Долна Саксонија).
  • 1296: Гестхахт станал дел од Војводството Саксо-Лауенбург, кое настанало по распаѓањето на Саксонија.
  • 1370: Војводата Ерик III го заложил Гестхахт — како дел од Грофовијата Бергедорф — на Либек.
  • 1401: Војводата Ерик IV насилно ја преземал заложената земја.
  • 1420: Гестхахт е отстапен како дел на кондоминиум („владеење на два субјекта на иста територија“) на Ханзините градови Хамбург и Либек со Мирот во Перлеберг.
  • 1811: Гестхахт е освоен од Франција.
  • 1813: Повратен е кондоминиум.
  • 1865/66: Шведскиот хемичар Алфред Нобел основал фабрика за глицерол во Гестхахт (на ридот Кримел) и го осмислил динамитот. Кримел станал првата фабрика за динамит во светот.
  • 1868: Либек го продал својот удел во кондоминиумот на Хамбург, а со тоа Гестхахт станал дел од територијата на Хамбург.
  • 1906: Отворање на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.
  • 1918–1933: Гестхахт е средиште на радикалните левичарски партии (USPD, KPD и SAPD) и го добил прекарот „Малата Москва“.
  • 1924: Добил градски права од Хамбург на 2 јануари.
  • 1928: Уништување на историското градско јадро со пожар.
  • 1937: Поради територијалната реорганизација на Хамбург (Закон за голем Хамбург), Гестхахт е префрлен на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, каде станал дел од округот Војводство Лауенбург.
  • 1953: Прекин на патничкиот сообраќај на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.

Меѓународни односи уреди

Збратимени градови уреди

Гестхахт е збратимен со следниве градови:

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди