Клајнер Грасброк е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург. Скоро потполно се состои од објекти на Хамбуршкото пристаниште. Четирите квартови технички сите се квартови, но се разделени со нивни посебни брани.

Клајнер Грасброк
Кварт во Хамбург
Делови на Kleiner Grasbrook и реката Reiherstieg. Поглед на југ од црквата Свети Никола.
Делови на Kleiner Grasbrook и реката Reiherstieg.
Поглед на југ
од црквата Свети Никола.
Делови на Kleiner Grasbrook и реката Reiherstieg.
Поглед на југ
од црквата Свети Никола.
Клајнер Грасброк во рамките на Германија
Клајнер Грасброк
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Површина 5 км2
Население 1.219  (31 декември 2006)
 - Густина 244 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Клајнер Грасброк во рамките на Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°31′52″N 9°59′37″E / 53.53111° СГШ; 9.99361° ИГД / 53.53111; 9.99361

Историја

уреди

Се верува дека гусарот Клаус Штертебекер бил обезглавен на островот Грасброк во 1400 или 1401.

Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург, а со тоа и Клајнер Грасброк биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Од средината на јули 1944 до октомври 1945, подкампот Десауер Уфер на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во квартот.[1]

Ноќта од 16 февруари до 17 февруари 1962, островот бил целосно поплавен и сериозно оштетен од поплавите на Северното Море.

Географија

уреди

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, кварто Клајнер Грасброк имал вкупна површина од 4,5 км2. Клајнер Грасброк се граничи на север со квартот Хафен Сити. На исток е квартот Федел, а на запад квартот Штајнвердер. На југ е квартот Вилхелмсбург.

Демографија

уреди

Во 2006, Клајнер Грасброк имал 1.219 жители. Густината на населеност била 274 жители на км2. 12,7% од населението биле деца под 18 години,а 8% имале 65 години или повеќе. 55,9% биле странци. 137 лица биле пријавени како невработени.[2] Во 1999, имало 694 домаќинства од кои 21,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 47,7% од сите домаќинства се составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,95.[3]

Население по години[2]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
1.177 1.203 1.285 1.390 1.488 1.583 1.607 1.624 1.643 1.512 1.492 1.362 1.345
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
1.326 1.345 1.320 1.384 1.368 1.299 1.262 1.219

Во 2006, имало 334 кривични дела (274 дела на 1.000 луѓе).[4]

Економија

уреди
 
Дел од складиштетот Schuppen 50, во 2008, подрачно биро на трудовиот музеј.
 
Претставништвото на Хамбуршките пристанишни власти.

Делови на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во квартот Клајнер Грасброк.

Инфраструктура

уреди

Во квартот нема училишта, ниту лекари, ниту пак аптеки.[5]

Сообраќај

уреди

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 113 приватни возила (93 возила на 1000 лица).[5]

Наводи

уреди
  1. Кампот е запишан под број 557 Хамбург-Гајленберг, во службениот германски список Архивирано на 16 јули 2006 г. (германски)
  2. 2,0 2,1 Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  5. 5,0 5,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Надворешни врски

уреди