Кајсија
Плодови од кајсија
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Род: Слива
Подрод: Слива
Вид: Обична кајсија
Научен назив
Prunus armeniaca
L.
Синоними

Armeniaca vulgaris Lam.
Amygdalus armeniaca (L.) Dumort.

Кајсија (или обична кајсија, научPrunus armeniaca) — најодгледуваниот вид традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војна производството на кајсии во Македонија изнесувало околу 2.700 тони. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 хектари, а производството до 12.000 тони. Со приватизацијата и влошувањето на состојбата во општествениот сектор, насадите се напуштени, а производството нагло опадна. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 тони.

Опис

уреди
 
Кајсија (дрво) во Кападокија, Турција

Кајсијата е мало дрво, високо 8-12 метри, со стебло до 40 см во пречник и густа широка крошна. Листовите му се овални, 5-9 см долги и 4-8 см широки, со заоблена основа, истакнати на врвот и ситно назабени по страните. Цветовите се 2-4,5 см во пречник, со пет бели до розеникави латици. Цветаат одделно или во парови, во рана пролет, пред лисјата. Плодот е налик на ситна праска, 1,5-2,5 см во пречник (па и поголем кај некои одгледувачи), со жолто-портокалова боја, црвеникав на страните што се најмногу изложени на сонце; површината му е мазна со ситни, кадифени влакненца. Има 1 семка затворена во тврда лушпа.[1][2]

 
Кајсија и пресек на кајсија

Одгледување и примена

уреди

Историја на одгледувањето

уреди
 
Кајсии кои се сушат на земја, Турција.
Кајсии, свежи
Хранлива вредност на 100 г
Енергија201 kJ (48 kcal)
11 г
Шеќери9 г
Влакна2 г
0.4 г
1,4 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(12 %)
96 μг
(10 %)
1.094 μг
Витамин Ц
(12 %)
10 мг
Минерали
Железо
(3 %)
0,4 мг
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA
Кајсии, сушени
Хранлива вредност на 100 г
Енергија1,009 kJ (241 kcal)
63 g
Шеќери53 g
Влакна7 g
0.5 g
3,4 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(23 %)
180 μг
(20 %)
2.163 μг
Витамин Ц
(1 %)
1 мг
Минерали
Железо
(21 %)
2,7 мг
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Кајсиите биле познати во Ерменија уште во античките времиња и таму се одгледуваат толку долго што често се верува дека оттаму и потекнуваат.[3][4] Таа претпоставка произлегува од научното име Prunus armeniaca (Ерменска слива). Па така, Де Поердерле, пишувајќи за дрвото во 18 век, тврдел дека "Cet arbre tire son nom de l'Arménie, province d'Asie, d'où il est originaire et d'où il fut porté en Europe ..." ("ова дрво свото име го добило по Ерменија, провинција во Азија, од каде и потекнува, и од каде било донесено во Европа ...").[5] При археолошките ископувања во Гарни во Ерменија биле најдени семки на наоѓалиште од бакарното време.[6] Сепак, Вавиловиот центар за потекло го лоцира потеклото на одгледувањето кајсии во Кина, а други извори велат дека кајсијата најпрво била одгледувана во Индија, околу 3000 г. п.н.е.[7]

Се смета дека први во Европа ја донеле Александар Македонски,[7] и римскиот генерал Луциј (106–57 г. п.н.е.) заедно со црешата и праската. Повеќе извори даваат различни податоци за потеклото на видовите. Ботаничарот Лоудон (1838) верувал дека кајсијата отпрвин се простирала не само во Ерменија туку и на Кавказ, на Хималаите, во Кина, и во Јапонија.[8]

Кајсиите се одгледувале и во Персија уште за време на античките времиња, а сушените кајсии биле важен производ за нивната трговија. Дури и во современ Иран, кајсијата зазема значајно место меѓу овошките и општо е позната под името Zard-ālū (персиски: زردآلو).

Египќаните обично ги сушеле кајсиите, им додавале шеќер, а потоа да ги користеле за пијалак наречен "Амар ал-Дин".

Денес сортите на кајсии се раширени во сите делови на Земјината топка чија клима одговара за нивно одгледување.

Одгледување

уреди
 
Свежи кајсии на чинија
 
Органски сушени кајсии, произведени во Турција. Бојаата е темна бидејќи не се третирани со сулфур диоксид (E220)

Иако кајсија по потекло е од регионите со континентална клима и студени зими, тоа може да вирее и на средоземна клима. Сувата клима во овие подрачја е поволна за зреењето на овошките. Дрвото е малку поотпорно на студ од праска, издржувајќи зимски температури и до -30 °C а ако е здраво, дури и пониски. Ограничувачки фактор за одгледување на кајсијата е пролетниот мраз: Тие имаат тенденција да цветаат многу рано, што значи пролетниот мраз може да го убие цветот. Исто така, дрвјата се осетливи на температурни промени во текот на зимската сезона. Во нивната родна Кина, зимите можат да бидат многу студени, но со помалку температурни разлики отколку што тоа е случај во Европа а особено во Северна Америка. Хибридизација со Prunus sibirica (сибирска кајсија; отпорна и до −50 °C но со не толку вкусен плод) нуди можности за одгледување на повеќе растенија отпорни на студот.[9]

Кајсиите честопати се калемат на слива или на праска. По ова калемење плодот честопати варира согласно големината и вкусот.

Производство

уреди
 
Принос на кајсии во 2012
Најголемите дванаесет производители на кајсии—2009
(1.000 тони)
  Турција 695
  Иран 398
  Узбекистан 290
  Италија 234
  Алжир 203
  Пакистан 194
  Франција 190
  Мароко 123
  Украина 116
  Јапонија 115
  Египет 100
  Сирија 99
Свет 3800
Source:[10]

Турција е главен производител на кајсии, а веднаш по неа следат Иран и Узбекистан. Според ФАО, во 2010 година во Македонија биле произведени 2996 тони кајсии.[10]

Семки од кајсии

уреди

Семките од кајсија кои растат во Средна Азија и околу Средоземјето се толку благи што можат да бидат замена за бадемите. Италијанскиот ликер амарето и амарети бисквитите се зачинети со екстракт од семки од кајсии место со бадеми. маслото добиено од кајсии се користи и како масло за готвење. Семките содржат од 2,05% и 2,40% хидроцијанидна киселина, но нормалната конзумација е недоволна да предизвика некои посериозни здравствени нарушувања.[11]

Маслото од семки од дива кајсија е моќен природен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали во човечкиот организам. Една од главните состојки на маслото од кајсија е витаминот Б17, на кој стручната литература и голем број истражувања му препишуваат антиканцерогени и антитуморни својства. Освен како превенција од тумори, ова масло се употребува и против симптомите на астма и силна кашлица – за разредување на бронхијалните спазми, а со антивоспалителните својства кои ги има, можат да се третираат сериозни кожни болести, како што се егземи, дерматитис и акни. Честа е неговата употреба и како лаксатив при проблеми со опстипација и мрзливи црева. Ова масло се користи и за хранење на сува и повозрасна кожа, го спречува губењето на косата и ги јакне нејзините фоликули. Совршено се апсорбира во кожата и не остава масни траги, и не предизвикува никакви алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа[12].

Извор

уреди

Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 659. ISBN 978-608-203-023-4.

Наводи

уреди
  1. Flora of China: Armeniaca vulgaris
  2. Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
  3. CultureGrams 2002 – Page 11 by CultureGrams
  4. „VII Symposium on Apricot Culture and Decline“. Архивирано од изворникот на 2003-05-21. Посетено на 2012-01-14.
  5. De Poerderlé, M. le Baron (MDCCLXXXVIII (1788)). Manuel de l'Arboriste et du Forestier Belgiques: Seconde Édition: Tome Premier. à Bruxelles: Emmanuel Flon. стр. 682. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) Downloadable Google Books.
  6. B. Arakelyan, Excavations at Garni, 1949–50 in Contributions to the Archaeology of Armenia, (Henry Field, ed.), Cambridge, 1968, page 29.
  7. 7,0 7,1 Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening 1: 203–205. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
  8. Loudon, J.C. (1838). Arboretum Et Fruticetum Britannicum. Vol. II. London: Longman, Orme, Brown, Green and Longmans. стр. 681–684. The genus is given as Armeniaca. Downloadable at Google Books.
  9. Prunus sibirica – L.
  10. 10,0 10,1 Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO) [1] Архивирано на 19 јуни 2012 г.
  11. Medicinal and Poisonous Plants of Southern and Eastern Africa - Watt & Breyer-Brandwijk (1962)
  12. „Масло од семки од дива кајсија“. Herba Natura. Архивирано од изворникот на 2017-11-10. Посетено на 2017-10-25.

Надворешни врски

уреди