Амарето — сладок италијански ликер кој потекнува од Сароно. Првобитно се произведувал од горки бадеми, но денес се јавуваат повеќе комерцијални марки во кои како основа се користат кајсии, праски или бадеми, кои сите претставуваат природни извори на бензалдехидот кој го дава основниот бадемов вкус на ликерот.[1][2]

Шишиња со различни видови амарето

Амаретото може да се смета како засебен пијалак или да послужи како состојка за подготовка на коктели, а понекогаш и како додаток на кафе. Пијалакот исто така често се користи и во готвењето.

Наводи

уреди
  1. „Best of Sicily Magazine“. Amaretto. Roberta Gangi.
  2. „GOZIO Amaretto Almond Liqueur“. AHardy USA Ltd. Архивирано од изворникот на 12 јули 2012.

Надворешни врски

уреди