Розовидни
Розовидни | |
---|---|
Две рози: Rosa Cinnamomea L. и R. Rubiginosa L. | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Розовидни Perleb |
Фамилии | |
Барбеи (Barbeyaceae) | |
Синоними | |
Rhamnales |
Розовидните (науч. Rosales) се ред на цветни растенија.[2] Како клад е најсроден на кладот што се состои од Буковидните и Тиквите.[3] Содржи околу 7.700 видови, распределени во околу 260 родови. Редот го сочинуваат девет фамилии, од кои типска е фамилијата Рози (Rosaceae). Покрај ова, Розовидните се делат и на три клада кои немаат назначено таксономски ранг. Базалниот клад се состои од фамилијата Рози; друг клад се состои од четири фамилии (вкл. Крушините); додека пак третиот е составен од четири копривни фамилии.[4]
Редот има силна потпора во монофилетските и полифилетските анализи на ДНК-низи, како оние извршени од членовите на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG).[5] Во нивниот систем за класификација на растенијата APG III се определени деветте фамилии, наведени во таксономската кутија десно. Во 2011 е утврдено сродството на овие фамилии молекуларно филогенетско испитување засновано на два јадрени и десет хлоропластни гени.[6]
Најпознати членови на редот Розовидни се: розата, јагодата, капината и малината, јаболкото и крушата, сливата, праската и кајсијата, бадемот, оскорушата и глогот, хинапот, брестот, банјанот, смоквата, дудинката, лебното дрво, копривата, хмељот и конопот.
Филогенија
уредиСледново филогенетско дрво е добиено со кладистичка анализа на ДНК. објавена во 2011 г.[6]
Розовидни |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ UniProt. „Ред Розовидни (Rosales)“. Посетено на 24 април 2008.
- ↑ Peter F. Stevens (од 2001 натаму). "Rosales" - Trees - Angiosperm Phylogeny Website. - Missouri Botanical Garden
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Douglas E. Soltis, et alii. (28 автори). 2011. "Angiosperm Phylogeny: 17 genes, 640 taxa". American Journal of Botany 98(4):704-730. doi:10.3732/ajb.1000404
- ↑ Walter S. Judd, Christopher S. Campbell, Elizabeth A. Kellogg, Peter F. Stevens, and Michael J. Donoghue. 2008. Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, III изд. Sinauer Associates: Sunderland, MA, USA. ISBN 978-0-87893-407-2
- ↑ 6,0 6,1 Shu-dong Zhang, Douglas E. Soltis, Yang Yang, De-zhu Li, and Ting-shuang Yi. "Multi-gene analysis provides a well-supported phylogeny of Rosales". Molecular Phylogenetics and Evolution 60(1):21-28. doi:10.1016/j.ympev.2011.04.008 PMID 21540119
Надворешни врски
уреди- Розовидните на Ризницата ?
- Розовидните на Викивидовите ?
- Розовидни (Rosales) - MBOT (англиски)
- Розовидни (Rosales) Архивирано на 12 март 2016 г. - „Облици на растителен живот“ (англиски)
- „Rosales“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 24 април 2008. (англиски)