Обаја
Обаја или Оваја (често членувано Обајата; грчки: Αγριόλευκα, Агриолевка; до 1927 г. Ουμπαγιά, Убаја[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.
Обаја Αγριόλευκα | |
---|---|
Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ | |
Координати: 41°16′N 23°18′E / 41.267° СГШ; 23.300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 38 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во Серското Поле, крај десниот брег на Струма, на 4 км јужно од селото Ветрен, на надморска височина од 38 м.[2] Селото се дели на две маала - Горна и Долна Обаја.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Обаја било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Долна обаси (Dolna-obassi) имало 25 домаќинства и 80 жители Македонци[3], а во Горна Обаја (Gorna-obaya) имало 80 домаќинства со 270 Македонци.[4][5]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Обаја имало 210 Турци, а во Долна Ова 180 жители, сите Македонци.[4][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обаја имало 280 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][7]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 115 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 134 лица.[2]
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 55 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 217 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Агриолевка (Αγριόλευκα).[1]
Селото силно страдало од маларија, поради што во 1940 г. е заведено со само 55 жители. Во 1941 г. е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 200 жители, а во 1951 г. е регистрирано со 51 жител. Во 1950-тите неговите жители се преселиле во селото Ветрен и е збришано од евиденција.[2]
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
Личности
уредиРодени во Обаја
- Динчо Вретенаров (1886 - 1924) — македонски револуционер
- Илија Коларов (1891 - 1922) — македонски револуционер на ВМРО
- Танчо Филипов (1892 - 1924) — македонски револуционер на ВМРО, загинал во Горноџумајските случувања[8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 28 март 2024.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 203.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Гаджев, Иван (2007). Иван Михайлов (Отвъд легендите). Том първи: Иван Михайлов и ВМРО. София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 395. ISBN 978-954-07-2586-4.