Стојан (Танчо) Филипов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Танчо Филипов
Роден 1892
Обаја, Валовишко, Егејска Македонија
Починал 1924

Животопис

уреди

Филипов е роден во селото Обаја, Валовишко во 1892 година, тогаш во Османлиското Царство.[1] Стапил во ВМРО по што бил избран за петрички околиски војвода.[2] Во јули 1924 г. бил делегат на Струмичкиот окружен конгрес на организацијата[3] каде заедно со Атанас Ансаров е избран за советник во окружниот комитет.[4][5]

Во периодот на Горноџумајските случувања во есента 1924 година бил личен телохранител на Алеко Василев, заедно со Ангел Коларов, Тома Ружкин и Нашко Елшански.[6] Загинува во периодот на Горноџумајските случувања во истата 1924 г.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Гаджев, Иван (2007). Иван Михайлов (Отвъд легендите). Том първи: Иван Михайлов и ВМРО. София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 395. ISBN 978-954-07-2586-4.
  2. Шанданов, Петър (2010). Богатство ми е свободата. Спомени. София: Гутенберг. стр. 188. ISBN 978-954-617-117-7.
  3. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 77.
  4. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 80.
  5. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 17-18.
  6. „Заговорътъ противъ Тодоръ Александровъ. По данни на Вѫтрешната Македонска Революционна Организация“ (PDF). 1924. стр. 37, 39. Посетено на 31 март 2024.