Најџел Шола Андре Рио-Кокер (роден на 14 мај 1984 година) е англиски поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Работел и како фудбалски коментатор и експерт за CBS Sports.

Најџел Рио-Кокер
Лични податоци
Полно име Најџел Шола Андре Рио-Кокер[1]
Роден на 14 мај 1984(1984-05-14)(40 г.)[1]
Роден во Лондон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м[1]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2018 (34 г.)
Младинска кариера
1997–2002 Вимблдон ФК Вимблдон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2004 Вимблдон ФК Вимблдон 58 (6)
2004-2007 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 120 (11)
2007-2011 Астон Вила Астон Вила 102 (1)
2011-2012 Болтон Болтон 37 (3)
2012-2013 Ипсвич Таун Ипсвич Таун 10 (0)
2013-2014 Вајткапс Ванкувер Вајткапс 44 (1)
2014 Чивас САД Чивас САД 9 (0)
2015-2016 Монтреал Импакт Монтреал Импакт 31 (0)
2017 Старт Старт 2 (0)
2018 МК Донс МК Донс 0 (0)
Репрезентација
2003 Англија Англија 19 1 (0)
2005 Англија Англија 20 3 (0)
2003-2007 Англија Англија 21 23 (1)

Рио-Кокер е производ на младинскиот сектор на Вимблдон, а потоа играл за Вест Хем Јунајтед, Астон Вила и Болтон Вондерерс во Премиер лигата на Англија. Во Англија го носел дресот уште на Ипсвич Таун, потоа играл во МЛС за Ванкувер Вајткепс, Чивас САД и Монтреал Импакт, па во Норвешка за Старт, а кариерата ја завшрил по краток престој во Милтон Кинс Донс.

Биографија

уреди

Рио-Кокер е роден во Саутворк, Лондон, но ги поминал првите шест години од животот во Сиера Леоне, каде неговите родители се преселиле заради работа, заедно со неговите две сестри Натали и Ванеса.[2] Неговиот татко Рансфорд бил општ лекар, а мајка му Агнес медицинска сестра, а откако двајцата се разделиле во 1990 година, Агнес се вратила во јужен Лондон со своите деца.[2] Рио-Кокер учел во средното училиште Ридлсдаун во Перли, Лондон.[3]

Клупска кариера

уреди

Вимблдон

уреди

Рио-Кокер бил забележан од страна на лондонскиот клуб Вимблдон на 12-годишна возраст, додека играл за округот Кројдон.[4] Тој помина преку младите категории на Вимблдон и станал капитен откако напредувал до првиот тим.[5] Исто така, додека играл за Вимблдон дебитираше за младата селекција на Англија под 21 година.[6] Во март 2003 година, менаџерот на Портсмут, Хари Реднап склучил договор да го донесе Рио-Кокер во клубот од јужното крајбрежје, во подготовката за нивната прва сезона во Премиер лигата.[7] Финансиските проблеми резултирале со тоа играчот да остане во Вимблдон и покрај тоа што тој веќе имал потпишано со Портсмут.[8] Рио-Кокер одиграл 64 натпревари за Вимблдон во сите натпреварувања, постигнувајќи 6 гола.[9]

Вест Хем Јунајтед

уреди

По импресивната прва половина од сезоната 2003-2004, тој потпиша за Вест Хем Јунајтед во јануари 2004, велејќи дека: „Тоа е голем клуб и постои можност брзо да се врати во Премиер лигата.[10] Воодушевен сум што потпишав и со нетрпение очекувам да добијам шанса да играм. Има голем потенцијал во Вест Хем со играчи и менаџер како што имаме овде.”[11] Дебитирал за Вест Хем на 31 јануари 2004, во победата со 2-1 на домашен терен над Ротерам Јунајтед. Тој набрзо станал редовен во првиот тим на Алан Пардју и бил промовиран во капитен на клубот. Тој постигнал три погодоци, за да му помогне на клубот да избори промоција во Премиер лигата во сезоната 2004-2005 преку баражот,[12] и го предводел тимот до финалето на ФА Купот во мај 2006.

 
Рио-Кокер играјќи за Вест Хем Јунајтед во 2006

Сезоната 2006-2007 за Вест Хем започнала со помалку успех во Премиер лигата, а Рио-Кокер бил издвоен од некои групи како главен виновник за кризата,[13][14] која го довела Вест Хем опасно блиску до последните три места на табелата, што на крајот довело до разрешување на менаџерот Алан Пардју. Рио-Кокер ја вратил својата форма во последниот дел од сезоната и со серијата од седум победи на девет натпревари Вест Хем побегнал од зоната за испаѓање и обезбедил опстанок дури во последното коло од сезоната. Рио-Кокер се обидел да ја среди неговата иднина во клубот во летото пред сезоната 2007-2008, изјавувајќи во мај 2007: „Не знам каква е мојата иднина, треба да седнам и да разговарам со претседателот оваа недела. Поминав низ тешка сезона, но тоа ме направи посилна личност и не би променил ништо. Јас сум многу лојална личност, но за да играм најдобро што знам треба да имам среќа. Им ветив на навивачите на Вест Хем, дека ќе помогнам клубот да остане во Премиер лигата и јас го направив тоа“. Тој сепак, побарал трансфер по завршувањето на сезоната 2006-2007, откако управата не успеа да го разубеди во врска со неговата иднина во Вест Хем. Во јуни 2006, Астон Вила објавила дека доставиле понуда вредна 7 милиони фунти за Рио-Кокер, а во јули 2007, Вест Хем и Астон Вила постигнале договор за трансфер на играчот вреден околу 8.5 милиони фунти.[15] Вкупно за Вест Хем одиграл 142 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 11 гола. Исто така добил 33 жолти картони.[12]

Астон Вила

уреди

Рио-Кокер и се приклучил на Астон Вила на 5 јули 2007, во трансфер вреден 8.5 милони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор.[16] На прес-конференцијата по потпишувањето, тој зборувал дека бил “во немилост” од страна на неговиот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед и рекол дека причина за преминувањето во Вила била „нивната желба да играат во Европа; Тие имаат талентиран состав и Мартин О’Нил ми кажа што тој има за цел да се направи и јас верувам дека ние можеме да го постигнеме тоа.”[17] Рио-Кокер го постигнал својот прв гол за Вила во победата со 5-0 над Рексам во второто коло од Лига купот на 28 август. На 21 јануари 2008 година, Рио-Кокер бил капитен на Астон Вила во отсуство на регуларниот капитен Гарет Бари против Ливерпул на Анфилд. Тој го постигнал својот прв првенствен гол за Астон Вила во победата од 2-1 над Тотенхем на Вајт Харт Лејн. Подоцна, истата недела, повторно постигнал гол за израмнување за Вила во Купот на УЕФА против Литекс Ловеч. Вила победила на овој натпревар со 3-1. За време на неговиот престој во клубот, Рио-Кокер играл како десен бек и повремено како десно крило, кога играчите кои вообичаено играле на тие позиции биле недостапни.

 
Рио-Кокер (десно) на загревање со Астон Вила во 2009 година

Рио-Кокер бил капитен на Астон Вила во втората фаза на Купот на Мирот во 2009, по повредата на соиграчот Стилијан Петров. Ова било случај и во финалето, каде Вила триумфирала и така Рио-Кокер го подигнал трофејот. Во текот на втората сезона, тој повторно се воспоставил како стандарден првотимец во тимот на Вила, особено по заминувањето на Гарет Бари. Сепак, на 18 септември 2009, тој бил вмешан во расправија со менаџерот Мартин О’Нил на игралиштето за тренинг и бил изоставен од тимот за следниот натпревар против Портсмут. Рио-Кокер добил нова шанса на почетокот на сезоната 2010-2011, под водство на новиот менаџер на Вила, Жерар Улие, а по веста во октомври 2010, дека капитенот Петров ќе биде надвор од теренот 2 месеци, Улие го назначил Рио-Кокер за капитен, до враќањето на Петров.

Болтон Вондерерс

уреди

Рио-Кокер се приклучил на Болтон Вондерерс во јули 2011 година, со слободен трансфер по неговото ослободување од Вила, потпишувајќи двегодишен договор.[18] Менаџерот Овен Којл го опишал како некој кој има „...квалитет, поттик и желба да се натпреварува на највисоко ниво во Премиер лигата...“[19]

Тој го направи своето деби за Вондерерс во победата со 4–0 на гости кај Квинс Парк Ренџерс, а во следниот месец го постигнал и својот прв гол за клубот во победата на Болтон на гости со 2–1 против Блекбурн Роверс во декември 2011 година.[20] Сепак, Болтон се мачеле многу во текот на сезоната 2011-2012 и по испаѓањето од Премиер лигата на крајот на сезоната, Рио-Кокер ја активирал ослободителната клаузула во неговиот договор и го напуштил клубот.[21][22]

Вкупно дресот на Болтон Вондерерс го носел 42 пати и постигнал три гола.[20]

Ипсвич Таун

уреди

Рио-Кокер му се приклучил на Ипсвич Таун во октомври 2012 година, велејќи: „Ипсвич е заспаниот гигант во Чемпионшип  — огромен клуб со голема историја.[23] Тој забележал дванаесет настапи пред да го напушти клубот во јануари 2013 година, откако ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2013 година.[24][25]

Ванкувер Вајткапс

уреди

На 20 февруари 2013 година, Рио-Кокер ја прифатил понудата од МЛС клубот Ванкувер Вајткепс.[26] Иако имал понуда и од нивниот локален ривал, Портланд Тимберс, тој сепак изразил желба да игра за клубот од Ванкувер,[27] импресиониран од професионализмот на главниот тренер на клубот Мартин Рени.

Рио-Кокер го направил своето деби за клубот во победата со 1–0 над Торонто на 3 март 2013 година, каде што направил 38 точни додавања во 45 одиграни минути, погрешно пласирајќи само осум од вкупно 46 во текот на натпреварот.[28] Наскоро тој стана познат по неговата груба игра по натпреварот против Сан Хозе Ертквејкс, во кој го превртел играчот од средниот ред Сам Кронин со старт пред очите на судијата. На 27 април 2013 година, Рио-Кокер бил прогласен за играч на натпреварот за неговата изведба во натпреварот против Далас,[29] а во октомври истата година, го постигнал и својот прв гол во МЛС лигата, во победата со 4-1 над Сиетл Саундерс.[30]

Чивас САД и Монтреал Импакт

уреди

На 21 август 2014 година, Рио-Кокер бил разменет во друг МЛС клуб, Чивас САД, во замена за Мауро Росалес.[31] Таму одиграл само 9 натпревари, пред да го напушти клубот, за на 10 декември 2014 да потпише за Монтреал Импакт.[32] Тој одиграл 40 натпревари за Монтреал во сезоната 2015, а во јануари 2016 го раскинале договорот со клубот со взаемна согласност.[33]

Последните години од кариерата

уреди

На 12 април 2017 година, Рио-Кокер се приклучил на клубот од шпанската Примера Дивисион, Гранада, на проби со цел да склучи договор до крајот на сезоната 2016–2017, но тоа сепак не се случило.[34]

На 3 мај 2017 година, Рио-Кокер му се приклучил на норвешкиот клуб Старт во Норвешката прва дивизија.[35][36] На 26 јуни 2017 година, клубот го раскинал неговиот договор.[37]

Во март 2018 година, било објавено дека откако тренирал со нив „неколку недели“, Милтон Кинс Донс сакале да потпишат со Рио-Кокер, 14 години подоцна откако тој го напуштил Вимблдон и нивниот тогашен дом Национален хокеј стадион.[38] На 22 март 2018 година, Рио-Кокер му се приклучил на клубот со краткорочен договор до крајот на сезоната 2017–2018, но не успеал да запише ниту еден настап и подоцна се повлекол од фудбалот.[39]

Репрезентативна кариера

уреди

Англија

уреди

Рио-Кокер првпат бил избран во младинската репрезентација на Англија под 21 година против Турција во октомври 2003 година.[40] На 24 март 2007 година, Рио-Кокер ја предводел англиската репрезентација под 21 година против Италија, со што стана првиот aнгличанец капитен на некој тим на новиот Вембли.[41] Натпреварот завршил со резултат 3-3.

Во мај 2006 година, Рио-Кокер бил избран како резерва во средниот ред во составот на сениорската репрезентација на Англија за Светското првенство 2006.[42] Сепак, на 22 мај, ФА објавила дека Рио-Кокер ќе биде заменет со Фил Невил, поради проблемите со грбот на Рио-Кокер кој го оневозможиле да учествува на првенството.[43]

Тој бил капитен на селекцијата на Англија под 21 година за време на Европското првенство за играчи во споменатата возраст 2007. Вториот жолт картон на турнирот, добиен непотребно во полуфиналето против домаќинот Холандија, значело дека тој ќе го пропушти финалето ако Англија мине понатаму. Исто така, тоа се испоставил како неговиот последен натпревар за репрезентацијата под 21 година, поради неговата возраст, а на крајот Холандија победила со 13-12 по изведување пенали, а токму ударот на Рио-Кокер бил одбранет.[44]

Подобност за Сиера Леоне

уреди

Рио-Кокер има потекло од Сиера Леоне и има изјавено дека тој во иднина ќе разгледа каков било повик од оваа западноафриканска држава.

Во Мај 2010 година, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне Наим Кади, објави дека е заинтересиран да го покани Рио-Кокер да се приклучи на националниот состав на Сиера Леоне во квалификациите Светското првенство 2014 година. Кади изјави дека големото искуство и способност за водење на играчот ќе бидат од голема вредност за тимот.

На 20 септември 2010 година, беше откриено дека менаџерот на Сиера Леоне, Кристијан Кол, одлучил да го запише Рио-Кокер во неговиот состав за квалификацискиот натпревар против Јужна Африка за пласман на Африканскиот Куп на Нации. Сепак, Рио-Кокер подоцна ја отфрли можноста да ја претставува земјата, тврдејќи дека сака да се концентрира на неговата игра во Астон Вила, а можеби дури и да се врати во составот на Англија во иднина.

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 22 ноември 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2001-2002   ФК Вимблдон ПД 1 0 ФА Куп+ЛК 0 0 - - - - - - 1 0
2002-2003 ПД 32 2 ФАКуп+ЛК 2+2 0 - - - - - - 36 2
2003-јан. 2004 ПД 25 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 27 4
Вкупно Вимблдон 58 6 6 0 - - - - 64 6
јан.-јун. 2004   Вест Хем Јунајтед ПД 15+3 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 18 2
2004-2005 ФЛЧ 39+3 3+0 ФАКуп+ЛК 2+3 0 - - - - - - 47 3
2005-2006 ПЛ 31 5 ФАКуп+ЛК 7+0 0 - - - - - - 38 5
2006-2007 ПЛ 35 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0 КУ 2 0 - - - 39 1
Вкупно Вест Хем Јунајтед 126 11 14 0 2 0 - - 142 11
2007-2008   Астон Вила ПЛ 36 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 39 1
2008-2009 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ИнтК+КУ 2+6[45] 0+1 - - - 36 2
2009-2010 ПЛ 10 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛЕ 1[46] 0 - - - 13 0
2010-2011 ПЛ 30 0 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛЕ 2[46] 0 - - - 36 0
Вкупно Астон Вила 102 1 11 1 11 1 - - 124 3
2011-2012   Болтон ПЛ 37 4 ФАКуп+ЛК 5+0 0 - - - - - - 42 4
окт. 2012-јан. 2013   Ипсвич Таун ФЛЧ 10 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 11 0
2013   Ванкувер Вајткепс МЛС 32 1 КП 3 0 - - - - - - 35 1
јан.-авг. 2014 МЛС 12 0 КП 2 0 - - - - - - 14 0
Вкупно Ванкувер Вајткепс 44 1 5 0 - - - - 49 1
авг.-дек. 2014   Чивас САД МЛС 9 0 УСКуп - - - - - - - - 9 0
2015   Монтреал Импакт МЛС 28+3 0 КК 3 0 КЛШ 6 0 - - - 40 0
мај.-јун. 2017   Старт Е 2 0 КН 1 0 - - - - - - 3 0
мар.-јун. 2018   МК Донс ФЛ1 0 0 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 0 0
Вкупно 419 23 46 1 19 1 - - 484 25

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Edinburgh: Mainstream Publishing. стр. 349. ISBN 978-1-84596-601-0.
  2. 2,0 2,1 „Deep-thinking Reo-Coker puts the record straight“. Evening Standard. London. 29 February 2008. Посетено на 9 April 2017.
  3. „The Big Interview: Nigel Reo Coker“. The Times. London. 7 May 2006. Посетено на 3 June 2007.[мртва врска]
  4. „Nigel Reo-Coker: 'It annoys me when I hear young kids who claim they live in a ghetto. They are all living in brick houses. Then you look at Jamaica or Africa and there are people living in huts. That's the ghetto...'. The Independent. 11 February 2006. Архивирано од изворникот 20 June 2022. Посетено на 10 May 2017.
  5. Burt, Jason (18 January 2004). „Hot property Reo-Coker has to sweat it out“. The Independent on Sunday. Архивирано од изворникот 20 June 2022. Посетено на 15 August 2015.
  6. „Reo-Coker hopes to impress“. BBC Sport. 7 October 2003. Посетено на 3 June 2007.
  7. „Pompey agree Reo-Coker fee“. BBC Sport. 16 June 2003. Посетено на 3 June 2007.
  8. „Pompey concede Dons duo defeat“. BBC Sport. 8 August 2003. Посетено на 3 June 2007.
  9. „Nigel Reo-Coker“. Soccerbase. Centurycomm. Архивирано од изворникот 4 August 2007. Посетено на 11 June 2007.
  10. „Reo-Coker agrees Hammers terms“. Sky Sports. 20 January 2004. Посетено на 22 April 2013.
  11. „Reo-Coker pleased with move“. Sky Sports. 22 January 2004. Посетено на 22 April 2013.
  12. 12,0 12,1 „Welcome to the Wonderful World of West Ham United Statistics Nigel Reo-Coker“. westhamstats.info. Посетено на 4 April 2012.
  13. "Reo-Coker subjected to hate mail". BBC Sport. 19 December 2007. Retrieved 5 June 2007.
  14. "West Ham boss defends Reo-Coker". BBC Sport. 7 January 2007. Retrieved 5 June 2007.
  15. "Reo-Coker fee agreed" Архивирано на 7 јули 2007 г.. Aston Villa F.C. 4 July 2007. Retrieved 4 July 2007.
  16. "Villa complete Reo-Coker signing". BBC Sport. 5 July 2007. Retrieved 5 July 2007.
  17. "Villa complete Reo-Coker signing". BBC Sport. 5 July 2007. Retrieved 17 July 2007.
  18. „Reo-Coker seals Bolton move“. Sky Sports. 14 May 2011. Посетено на 27 July 2011.
  19. „Nigel Reo-Coker joins Bolton after Aston Villa release“. BBC Sport. 27 July 2011. Посетено на 21 February 2013.
  20. 20,0 20,1 „Натпревари одиграни од Најџел Рио-Кокер во 2011/2012“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 21 February 2013.
  21. „Bolton Wanderers allow 15 players to leave after relegation“. BBC Sport. 18 May 2012. Посетено на 21 February 2013.
  22. „Reo-Coker free to leave Trotters“. Sky Sports. 15 May 2012. Посетено на 20 October 2012.
  23. „Nigel Reo-Coker: Ipswich Town sign ex-Bolton midfielder“. BBC Sport. 14 October 2012. Посетено на 15 October 2012.
  24. „Ipswich Town: Nigel Reo-Coker turns down extension“. BBC Sport. 14 January 2013. Посетено на 21 February 2013.
  25. Watson, Stuart (12 January 2013). „Nigel Reo-Coker will not be staying at Ipswich Town“. East Anglian Daily Times. Ipswich. Архивирано од изворникот на 16 January 2013. Посетено на 12 January 2013.
  26. „Reo-Coker accepts Whitecaps offer“. Prost Amerika. 19 February 2013. Архивирано од изворникот на 11 April 2013. Посетено на 19 February 2013.
  27. „Whitecaps set to swoop for Reo-Coker“. Prost Amerika. 14 February 2013. Архивирано од изворникот на 9 March 2013. Посетено на 19 February 2013.
  28. „Nigel Reo-Coker actually did pretty well in his MLS debut“. Lion of Vienna Suite. 3 March 2013. Посетено на 22 April 2013.
  29. Green, Darcy (27 April 2013). „Whitecaps FC draw 2-2 versus FC Dallas“. Vancouver Whitecaps FC. Посетено на 4 April 2014.
  30. Devji, Farhan (9 October 2013). „Manneh hat-trick propels Vancouver Whitecaps FC to historic 4-1 victory over Seattle Sounders FC“. Vancouver Whitecaps FC. Посетено на 4 April 2014.
  31. „Nigel Reo-Coker traded from Whitecaps to Chivas USA“. CBC.ca. 21 August 2014. Посетено на 18 November 2014.
  32. „Nigel Reo-Coker headlines three former Chivas USA players taken in MLS Waiver Draft | MLSsoccer.com“. Архивирано од изворникот на 28 December 2014. Посетено на 10 December 2014.
  33. „Reo-Coker won't be back in 2016“. Montreal Impact. 22 January 2016. Посетено на 9 April 2017.
  34. „Richardson & Reo-Coker join Granada CF on trial“. granadacf.es/en. Granada CF. 12 April 2017. Посетено на 12 April 2017.
  35. „Nigel Reo-Coker: Midfielder signs for Norwegian club IK Start“. BBC Sport. 3 May 2017. Посетено на 9 May 2017.
  36. AS, TV 2 (3 May 2017). „Tidligere Premier League-kaptein blir Start-spiller“. Посетено на 27 June 2017.
  37. „Nigel Reo-Coker er ferdig i Start: - Vi visste det var gambling“. Архивирано од изворникот на 29 June 2017. Посетено на 27 June 2017.
  38. „Nigel Reo-Coker: MK Dons boss Dan Micciche keen to sign ex-West Ham midfielder“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 9 March 2018. Посетено на 9 March 2018.
  39. „MK Dons sign former West Ham and Villa man Reo-Coker“. ITV News. 22 March 2018. Посетено на 22 March 2018.
  40. "Reo-Coker hopes to impress". BBC Sport. 7 October 2003. Retrieved 3 June 2007.
  41. "A priceless moment". The Football Association. 25 March 2007. Retrieved 3 June 2007.
  42. "Eriksson gambles on Walcott". The Guardian. London. 8 May 2006. Retrieved 3 June 2007.
  43. "Neville in for injured Reo-Coker". BBC Sport. 22 May 2006. Retrieved 3 June 2007.
  44. „Holland U21 1–1 Eng U21 (aet)“. BBC Sport. 20 June 2007. Посетено на 21 June 2007.
  45. Два настапи во квалификациските кола на Купот на УЕФА.
  46. 46,0 46,1 Настап во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди