Томе Серафимовски

Томе Серафимовски (Зубовце, Гостиварско, 14 јули 1935 - Скопје, 3 март 2016) — истакнат македонски вајар. Серафимовски е автор на повеќе од 500 склуптури од траен материјал, 100 минијатури и идејни решенија од областа на ситната пластика, десетина релјефи, како и 40-ина изведени споменици и спомен-обележја низ земјава и во светот.[1] Од 1988 година е редовен член на МАНУ. Во својата 50 годишна кариера има одржано повеќе самостојни изложби во Македонија и странство, а добитник е на на голем број награди и признанија.

Томе Серафимовски
Томе Серафимовски.jpg
Роден 14 јули 1935
Зубовце, Гостиварско,  Кралство Југославија
Починал 3 март 2016
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање вајар
Скулптура на Серафимовски на Св. Климент Охридски во Охрид

ЖивотописУреди

Томе Серафимовски е роден на 14 јули 1935 година во село Зубовце, Гостиварско. Основно училиште завршил во Гостивар, а во 1953 година се запишал во Сплитското училиште за применета уметност. На студиите во Сплит специјализирал вајарство, а за време на неговиот престој повремено работел и како сликар-сценограф во тамошниот Народен театар. Своето високо образование го продолжил на Академијата за ликовни уметности во Загреб, каде што дипломирал во 1963 година кај професорот Антун Аугистинчиќ.

Во 1966 година добил стипедија од француската влада и заминал за Париз, каде 4 години ја посетувал школата за убави уметности. Истовремено три години минал како соработник во ателјето на познатата аргентинска вајарка, Алиција Пеналба. По ваквите искуства, Серафимоски се вратил во Македонија, извесно време работел како сценограф во Радио Tелевизија Скопје. Од 1970 до 1984 година бил директор на Домот на културата во Гостивар. На 7 октомври 1988 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

ЛустрацијаУреди

На 15 јули 2013 година академик Томе Серафимовски беше лустриран од страна на Комисијата за верификација на фактите и прогласен за соработник на тајните служби.[2] Две седмици пред оваа одлука, Серафимовски излезе во јавноста со жестоки критики про­тив Комисијата за лустрација и против нејзиниот претседател Томе Аџи­ев во врска со лустрирањето на писателот Славко Јаневски.[3] Во врска со оваа одлука на комисијата, академикот Серафимовски изјавил: „Јас никогаш не сум бил функционер, јас сум вајар и цел живот тоа го работам“.[4] Починал на 3 март 2016 година.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Секогаш сум на страната на уметноста“. Дневник. 13 ноември 2010. Посетено на 10 август 2013.
  2. „Томе Серафимовски го бранеше Славко Јаневски, сега и тој го доживеа истото“. ПлусИнфо. 15 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-21. Посетено на 10 август 2013.
  3. „Аџиев не е вреден да го спомнува името на Славко Јаневски“. Нова ТВ. 3 јули 2013. Посетено на 10 август 2013.
  4. „Томе Серафимовски: Никогаш не сум бил функционер, јас сум вајар!“. МКД.мк. 16 јули 2013. Посетено на 10 август 2013.

Надворешни врскиУреди