Коста Балабанов
Коста Балабанов (Штип, 5 април 1929) — македонски историчар на уметноста, филмски и телевизиски сценарист.[1]
Од 1953 е во редовен работен однос во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на уметноста - конзерватор. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Како стручњак за средновековната уметност, во 1955 ја објавува својата прва посебна книга посветена на истражувањата на Топличкиот манастир, Демир Хисар, и од тогаш до денес објавил повеќе од 200 стручни и научни трудови и 24 книги посветени на средновековната уметност.
Во 1965 докторира на тема „Иконописот во Македонија од периодот на османлиското владеење“.
Со филм почнува да се занимава како автор на сценарија и на текстови за документарни филмови од областа на археологијата и средновековната уметност на територијата на Македонија. Соработувал со „Вардар филм“ и ТВ Скопје (МРТВ) и според неговите текстуални подлоги, реализирани се 32 документарни филма (или епизоди), често синхронизирани на странски јазици.
Од 1981 работи во Републички завод за заштита на спомениците, додека во 1994 е именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје.
Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија го објавил Балабанов дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ.
Наводи
уреди- ↑ „КОСТА БАЛАБАНОВ, НАУЧНИК И ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА ЈАПОНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Тешкотиите се пребродуваат со оптимизам“. Matica na iselenicite. December 31, 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 3 февруари 2011.