Борислав Каранфилски
Борислав Каранфилски (31 август 1928, Куманово) — патофизиолог, специјалист по јадрена медицина, професор и директор на Институтот за патофизиологија и јадрена медицина во Скопје.[1]
Борислав Каранфилски | ||
Роден | 31 август 1928 Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | универзитетски професор, патофизиолог |
Животопис
уредиБорислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје, каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за јадрени науки „Борис Кидрич“ во Винча, Белград. За редовен професор бил избран во 1977 година.[1] Се усовршувал во клиниките во Шведска, Англија, СССР и САД.
Бил директор на Институтот за патофизиологија и јадрена медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со јадрена медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ.[1] Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на јадрена медицина на Југославија.
Автор е на повеќе од 180 трудови. За своите активности добил повеќе награди и признанија, меѓу кои: Орден на заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Републиката со сребрен венец, наградата „11 Октомври“ за животно дело и други.