Исмет Рамиќевиќ (босански: Ismet Ramićević) ( 1960, Дубница, Сјеница, Србија) — македонски вајар.

Животопис

уреди

Рамиќевиќ е роден во 1960 година во селото Дубница, покрај Сјеница, Србија. Дипломирал во 1984 година на ФЛУ во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1987 година. Рамиќевиќ е вработен на ФЛУ како професор по вајарство.[1].[2]

Творештво

уреди

Рамиќевиќ е познат како припадник на генерацијата која почнала да создава во 1980-тите, а која ја дефинирала македонската ликовна сцена во 1990-тите. Во своето творештво, Рамиќевиќ претежно применува вертикални форми, трансформирани во поедноставени цилиндрични облици, а често користи синтетички материјали, инсистирајќи на едноставноста на индустриската форма. Тој имал 18 самостојни изложби, и тоа во Скопје, Прилеп, Њујорк, Пловдив и Ниш, како и повеќе групни изложби. Исто така, за своето творештво, тој бил добитник на повеќе награди.[2][3][4].

На 28 октомври 2014 година, во галеријата „Чифте-амам“ во Скопје била отворена неговата самостојна изложба „Насока“.[2]

Наводи

уреди
  1. „Наставници на ФЛУ“. Факултет за ликовни уметности. Посетено на 2010-05-15.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Насока од Рамиќевиќ во Чифте-амам“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 22.
  3. „Изложба, Исмет Рамиќевиќ“. Блесок. Посетено на 2010-05-15.[мртва врска]
  4. Денковска, Александра (21 јули 2009). „По 10 илјади денари за неупотребливи проекти“. Нова Македонија. Посетено на 2010-05-15.