Музга (грчки: Κουδούνια, Кудунија[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Музга
Κουδούνια
Музга is located in Грција
Музга
Музга
Местоположба во областа
Музга во рамките на Драма (општина)
Музга
Местоположба на Музга во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°6′N 24°7′E / 41.100° СГШ; 24.117° ИГД / 41.100; 24.117
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000003900000039 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно996
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 44 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 39 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 433 жители (заедно со Ени Чифлик), додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 232 луѓе[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Кудунија[4].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле населени 150 грчки бегалски семејства со вкупно 530 луѓе[3]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 631 лица, додека во 1940 година селото броело 923 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1058 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 994 жители, во 1971 година имало 715 жители, во 1981 година имало 885 жители, додека во 1991 година имало 793 жители[3]. Денеска, населението на селото е 996 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 923 1058 994 715 885 793 885 996
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Κουδούνια
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 45.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.