Отвори го главното мени

Британски прекуморски територии (англиски: British Overseas Territories) — четиринаесет територии на Обединетото Кралство кои се под негова управа, иако не се составен дел од кралството.[1] Тие се остатоци од Британската империја кои немаат стекнато независност или изгласале да останат територии на Бритнаија. Поимот „прекуморски територии“ е воведен во 2002, како замена за претходниот поим британска зависна територија (British Dependent Territory), воведен во 1981. Сè до 1981, териториите се нарекувале „Крунски колонии“ (Crown colonies).


Британски прекуморски територии
Знаме
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)

Освен Британската Антарктичка Територија (има само истражни станици) и областите Акротири и Декелија на Кипар и Британската Индоокеанска Територија (воени бази), сите прекуморски територии се постојано населени. Вкупната површина на териториите приближно изнесува 1 727 570 км2 (од кои 1 700 000 км2 отпаѓаат на Британската Антарктичка Територија), а населението брои вкупно 260 000 жители.[2][3]

Териториите Гернзи, Ман и Џерси исто така се под Британија, но имаат поинаков уставен однос со Обединетото Кралство како „крунски поседи“ (Crown Dependencies).[4][5] Британските прекуморски територии се целина независна од Комонвелтот, кој е доброволно здружение на земји кои имаат историски врски со Британската империја.

Список на британски прекуморски територииУреди

Четиринаесетте британски прекуморски територии се следниве:[6]

Знаме Грб Име Регион Површина Население Главен град
    Ангвила Кариби и Северен Атлантик 146 км2[7] 13 500[8] Вали
    Бермуда Кариби и Северен Атлантик 54 км2[9] 64 000 (2007)[10] Хамилтон
    Британска Антарктичка Територија Антарктик 1 709 400 км2[7] 50 зиме; над 400 лете[11] Истражна станица Ротера (главна база)
    Британски Девствени Острови Кариби и Северен Атлантик 153 км2[12] 27 000 (2005)[12] Роуд Таун
    Британска Индоокеанска Територија Индиски Океан 46 км2[13] околу 3000 британски и американски воени лица.[14] Диего Гарсија (база)
    Гибралтар Пиринејски Полуостров 6,5 км2[15] 28 800 (2005)[16] Гибралтар
    Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови Јужен Атлантик 4 066 км2[17] 99[18] Кинг Едвард Поинт/Гритвикен
    Кајмански Острови Кариби и Северен Атлантик 264 км2[19] 51 384[19] Џорџ Таун
    Монтсерат Кариби и Северен Атлантик 101 км2[20] 4 655 (2006)[20] Плимут (напуштен поради вулкан; дефакто гл. град е Брејдс)
    Питкерн Тихи Океан 45 км2
(сите острови)[21]
51 (2008)[22] Адамстаун
    Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња   Јужен Атлантик 420 км2 4 255 (само Св. Елена; 2008)[23]
1 275 (Вознесение и Тристан да Куња)[24]
Џејмстаун
    Суверени бази Акротири и Декелија Средоземје (Кипар) 255 км2[25] 14 000 (околу половина се британски воени лица); Епископи
  Туркс и Кајкос Кариби и Северен Атлантик 430 км2[26] 32 000 (2006)[26] Коберн Таун
    Фолкландски Острови Јужен Атлантик 12 173 км2[9] 2 955 (2006)[27] Стенли

ВалутиУреди

Териториите користат разни валути и комбинации, вклучувајќи ја британската фунта, американскиот долар и сопствени валути што напати се рамни на нив.

Место Матична валута
  • Британска Антарктичка Територија
  • Тристан да Куња
  • Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови

британска фунта

  • Гибралтар

гибралтарска фунта (рамна на британската)

  • Фолкландски Острови

фолкландска фунта (рамна на британската)

  • Света Елена
  • Вознесение

светоеленска фунта (рамна на британската)

  • Британска Индоокеанска Територија
  • Британски Девствени Острови
  • Туркс и Кајкос

американски долар

  • Ангвила
  • Монтсерат

источнокарипски долар

  • Бермуда

бермудски долар (рамен на американскиот)

  • Кајмански Острови

кајмански долар

  • Питкерн

новозеландски долар

  • Акротири и Декелија

евро

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Четиринаесетте територии (англиски)
  2. http://web.archive.org/web/20091001004119/http://www.fco.gov.uk/en/travel-and-living-abroad/travel-advice-by-country/country-profile/
  3. „ЦИА — Светска книга на факти за 2002 г. - Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови“. Faqs.org. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  4. „Управа на Гернзи: За Гернзи“. Gov.gg. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  5. „Управа — Јавни служби на Ман“. Gov.im. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  6. „[АРХИВИРАНИ СОДРЖИНИ] Прекуморски територии и Министерството за надворешни работи“. Collections.europarchive.org. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  7. 7,0 7,1 „Британска Антарктичка Територија“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  8. „Секретаријат на Комонвелтот — Ангвила“. Thecommonwealth.org. конс. 8 декември 2010. 
  9. 9,0 9,1 „Податоци на ООН - Површина во км²“. Data.un.org. 4 ноамври 2009. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  10. „Бермуда“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  11. „Секретаријат на Комонвелтот — Британска Антарктичка Територија“. Thecommonwealth.org. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  12. 12,0 12,1 „Британски Девствени Острови“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  13. „Британска Индоокеанска Територија“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  14. „Секретаријат на Комонвелтот — Британска Индоокеанска Територија“. Thecommonwealth.org. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  15. „Gibraltar“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010. 
  16. „Секретаријат на Комоновелтот — Гибралтар“. Thecommonwealth.org. 7 ноември 2002. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  17. http://www.umsl.edu/services/govdocs/wofact92/wf930224.txt
  18. „Население на Гритвикен, Јужба Џорџија и Јужните Сендвички Острови“. Population.mongabay.com. 31 март 2009. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  19. 19,0 19,1 „Светска книга на факти: Кајмански Острови“. ЦИА. конс. 10 декември 2011.  (англиски)
  20. 20,0 20,1 „Монтсерат“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  21. „Питкерн“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  22. „Секретаријат на Комонвелтот — Питкернски Острови (Питкерн, Хендерсон, Дјуси и Оено)“. Thecommonwealth.org. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  23. „Статистики на ООН — Попис на Света Елена 2008“ (PDF). unstats.un.org. конс. 4 јануари 2011.  (англиски)
  24. „Територии: Св. Елена, Вознесение и Тристан да Куња“. bbc.co.uk. 1 декември 2010. конс. 4 јануари 2011.  (англиски)
  25. „Суверени бази на Кипар“. Jncc.gov.uk. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  26. 26,0 26,1 „Туркс и Кајкос“. Jncc.gov.uk. 1 ноември 2009. конс. 8 декември 2010.  (англиски)
  27. „Секретаријат на Комоновелтот — Фолкландски Острови“. Thecommonwealth.org. 14 јуни 1982. конс. 8 декември 2010.  (англиски)

Надворешни врскиУреди