Плимут (Монтсерат)
Плимут (англиски: Plymouth) — напуштен град на островот Монтсерат, британска прекуморска територија во Малите Антили на Карибите.
Плимут Plymouth | |
---|---|
напуштен град | |
Плимут во 2006 г. | |
Плимут во рамките на Монтсерат | |
Земја | Обединето Кралство |
Прекум. територија | Монтсерат |
Население (2016) | |
• Вкупно | 0 |
4.000 жит. пред евакуацијата | |
Час. појас | AST (UTC-4) |
Гратчето е изградено врз наслаги од лава близу неактивниот вулкан Суфриер. Населението е евакуирано во 1995 г. кога вулканот почнал да избива по многу долго време мирување, иако со векови бил единствено пристаниште за приод кон островот. Плимут е трајно напуштен во 1997 г. откако е потрупан со вулканска пепел и изгорел со низа пирокластични текови и лахари . Денес сè уште формално важи за главен град на Монтсерат, со што е едиствениот напуштен град со ваков статус во светот. Управните установи се сместени во селото Брејдс во северниот дел на островот.
Историја
уредиПо избивањето на вулканот, управата го иселила сето население на Плимут со помош од британската морнарица. Пристапот за јавноста е забранет во сета јужна половина на островот поради постојаната активност на вулканот. Управата е привремено преместена во Брејдс, иако во изградба се нов главен град и пристаниште во Литл Беј на севрозапад.
Разорувањето на Плимут предизвикало огромна економска криза на островот. Градот бил многу поголем од другите населби на Монтсерат и во него се наоѓале речиси сите продавници и услужни места. Иако некои од нив се обновени по други места на островот, ова не го спречила масовното иселување на островјаните. Поради тешкиот живот, две третини од населението на островот морало да се пресели во Британија, сведувајќи се на 1.200 жители веќе во 1997 г. Сепак, бројот на жители постепено почнал да се накачува, и во 2016 г. Монтсерат надминал 5.000 жители.
Сообраќај
уредиАеродромот „В.Х. Брамбл“ кај Плимут е затворен во 1997 г. и потоа потрупан од вулканската пепел. Неговата улога ја презел новиот аеродром „Џон А. Озборн“ кај Брејдс.
Образование
уредиВо периодот пред катастрофата, Плимут имал едно основно училиште,[1] и едно средно училиште со нижи паралелки.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Thomas, Emel (editor). Education in the Commonwealth Caribbean and Netherlands Antilles. Bloomsbury Publishing, 8 мај 2014. ISBN 1623563836, 9781623563837. стр. 279.
- ↑ "Report of the Technical-Vocational Education and Training Reconnaissance Mission." UNESCO. Annex 1 p. 2 (PDF p. 12/14). посет. 27 ноември 2017 г.
Надворешни врски
уреди- Плимут на Ризницата ?
- Плимут во Енциклопедија Британика (англиски)
- Прелет над Плимут во 2012 г. — YouTube