Брејдс
Брејдс (англиски: Brades) или Брејдс Естејт (Brades Estate) — село и де факто главен град на Монтсерат од 1998 г.[1] Населението на самото место брои 391 жител и се наоѓа во близина на заливот Литл и Каровиот Залив во северозападниот крај на Монтсерат. Официјалниот главен град Плимут е напуштен во 1997 г. со катастрофалниот избув на вулканот Суфриер која го затрупала местото со нанос. По овој настан, административниот центар е преселен во Брејдс, каде што се изградени привремени управни објекти. Постојат неколку предлози за името на новиот главен град, кој е во тек на изградба во подрачјето на заливот Литл. Некои од нив се Порт Дајана, во чест на принцезата Дијана [2] и Сент Патрикс, во чест на 17-мартовското востание, но и за да се привлечат американски туристи од ирско потекло.
Брејдс Brades | |
---|---|
село | |
Натпис по повод настан во Брејдс | |
Брејдс во рамките на Монтсерат | |
Држава | Обединето Кралство |
Прекум. територија | Монтсерат |
Население | |
• Вкупно | 391 |
Час. појас | AST (UTC-4) |
Нов главен град
уредиНаселбата Литл Беј во северозападниот дел на островот е во фаза на изградба како нов главен град на Монтсерат.
Наводи
уреди- ↑ Leonard, T. M. (2005). Encyclopedia of the Developing World. Routledge. стр. 1083. ISBN 978-1579583880
- ↑ Монтсерат сака да го именува главниот град по принцезата Дијана - БиБиСи (англиски)