Хекатонхири
Во старогрчката митологија, Хекантохирите (на старогрчки Ἑκατόνχειρες), "сто раце", од ἑκατόν, "сто" и χείρ, " рака ", првенствено се тројцата синови на Уран (Небото) и Геја (Земјата). Зевс ги назначил за чувари на Тартар, затвор кој се наоѓа во подземјето, на местото на Кампос.
Грчкиот мит
уредиТеми во Старогрчка митологија |
---|
|
|
|
Во старогрчката митологија, Хекатонхирите се викаат Бријареј, Кот и Гиг. Секој од нив има сто раце и педесет глави кои плукаат оган. Тие, исто така, се браќа на Титаните и на Киклопите[1].
Нивниот татко, Уран, се плашел од нив и ги мразел, иако му биле деца. Тој ги фрлил во Тартар, Крон, синот на Уран ги ослободил неговите браќа Хекатонхири како и киклопите од Тартар за да му помогнат да го порази нивниот татко и да го симнат Уран од престолот. Но и Крон почнал да се плаши и ги затворил во Тартар. Тие повторно биле оттаму ослободени од еден од синовите на Крон, Зевс, идниот владетел на Олимп за да му помогнат во Титаномахијата. Титаните, поразени, биле фрлени во Тартар, чии чувари станале Хекатонхирите. Тие воедно му ја изградиле палатата на Зевс[2].
Потоа, се среќаваат во неколку легенди, каде интервенираат за да се врати редот на Олимп. Всушност, Хекатонхирите му помогнале на Зевс да обезбеди контрола на Олимп, давајќи му го громот и молњата[3].
Една друга легендата се однесува само на Бријареј. Таа раскажува за заговорот на Хера, Атена и Посејдон кои се обиделе да го врзат во синџири Зевс. Нереидата Тетија, го предупредила господарот на Олимп за опасноста и за да го одбрани, ги повикала Хекатонхирите. Бријареј, најпознат од трите чудовишта, ги исплашил тројцата конспиратори и го спречил, заговорот. За да му се заблагодари, Тетија како награда му ја понудила Кимополеја, божицата на морските бури и природните катастрофи, ќерка на Посејдон.
Римскиот мит
уредиВо римската митологија, која се заснова на старогрчката митологија, Хекатонхирите се Сентимани (латински Centimanūs, "сто раце", centēnus, "сто" и manŭs, "рака"). Тие носат доста слични имиња: Егејон (Бријареј), Кот и Гиг.
Една дополнителна легенда, која потекнува од грчко-римскиот свет, напишана од грчкиот географ Павзаниј, кој починал во Рим околу 180 година ни кажува дека Нептун и Сонцето биле скарани околу сопственоста на Коринтскиот провлак. Бријареј, земен за судијата, провлакот му го дал на богот на морето а Акрокоринт на Сонцето[4] ·[5]
Божествената Комедија
уредиБријареј е еден од петте џинови споменати во "Пеколот" на Божествена Комедија[6] . Окован во Пеколот, тој е прикажан како зло, комбинација на итрина, ум и на сила.
Хекатонхирите во популарната култура
уреди- Хекатонхирите се појавуваат во Песните на Хиперион на Дан Симонс, Гиг и Бријареј се имињата на две од четирите творби на техноцентарот, кои заедно со Радамант Нем и Скила, се испратени да ја уништат Енеја. Во еден друг роман наречен, Битката на лавиринтот, четвртиот том на авантурите на Перси Џексон, јунакот го среќава хекатонхирот Бријареј.
- Видео игри
- Хекатонхирите се појавуваат во Final Fantasy XIII, инвокацијата на Ванила се нарекува Хекатонхир и има многу раце. Ова име, исто така, се појавува во видео играта Персона 3, каде можат да се користат овие ликови. Во видео играта Бог на Војната: Вознесение (од март 13, 2013 на PS3), се спомнува хекантохирот Егејон. Во видео играта Бајонета, еден од демоните кој може да ја повика вештерката се нарекува Хекатонхир, и се прикажува со шест џиновски раце. Во екстензијата на играта Митолошко доба, може да се регрутира митски лик Џинот од Хека, која има повеќе раце.
- Стрип
- Во манга серијалот Appleseed од Масамуне Широв, Бријаерос Хекатонхир е киборг. Тој има моќ да контролира други киборзи како продолжетоци на неговото тело. Во манга Светецот Сеја, епизода G, Хекатонхирите се суштества наречени од страна на титанот Јапет Димензии, во неговата борба против Mu од соѕвездието Овен.
- Филм
- Во филмот Перси Џексон : Морето на чудовиштата, јунаците среќаваат човек со многу раце кој Гровер го нарекува Хекатонхир (но истиот не се појавува во филмовите).
Извори
уреди- Аполодор, Библиотека (I, 1).
- Хесиод, Теогонија (passim).
- Хомер, Илијада (I, 404).
- Павзаниј, Описот на Грција (II, 1) и (4).
- Виргилиј, Енеида (VI, 287 ; X, 565).
Наводи
уреди- ↑ Blog sur la mythologie grecque, page sur les Hécatonchires
- ↑ Livre : "Complètement mytho - Dieux et déesses de la mythologie" d'Anne Collognat, Édition Le Livre de Poche
- ↑ Site Mythologia, page sur les hécatonchires
- ↑ „Site de 1001 mythes page sur les Hécatonchires“. Архивирано од изворникот на 2017-04-27. Посетено на 2017-11-21.
- ↑ Site de cosmovisions, page sur les Hécatonchires
- ↑ Enfer, XXXI Предлошка:Lire en ligne.