Евтерпа
Евтерпа (грчки јазик Ευτέρπη}}, латински јазик Euterpe) е Зевсова и Мнемозина ќерка, една е од деветте Музи. Заштитничка е на музиката, а кога станала заштитничка на лирската поезија обично е прикажувана со аулос.
Нејзиното име доаѓа од грчките зборови Ευ = "добро" и τέρπεω = "задоволува", а споен зборот Ευτέρπη значи "онаа која сака, обожава, развеселува, задоволува".
Митологија
уредиНа Евтерпа ѝ се припишува пронаоѓањето на аулос дувачки инструмент сличен на денешната обоа, иако повеќето митографи мислат дека аулос го измислил сатирот Марсиј од Фригија.
Речниот бог Стримон ја оплодил Евтерпа и таа го родила синот Рес кого подоцна, според Хомеровата Илијада го убил Диомед во Тројанската војна.
Литература
уреди- Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.